Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш најостро ја осуди воената акција и апсењето на премиерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи и други политички лидери, повикувајќи го военото раководство да ја почитува волјата на народот изразена на
последните избори.
„Овие случувања претставуваат сериозен удар врз демократските реформи во Мјанмар. Сите релевантни лидери во државата треба веднаш да започнат дијалог и да се воздржат од какво било насилство, целосно почитувајќи ги човековите права и основните слободи“, истакна портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дижарик.
Војската во Мјанмар изврши денеска државен удар против Владата на Аунг Сан Су Чи, која е уапсена, на денот кога пратениците трабаа да се вратат во Парламентот, првпат по изборите кои се одржаа во ноември минатата година,а кои војската ги смета за нерегуларни.
Војската прогласи вонредна состојба и соопшти дека апсењето на мјанмарската лидерка и други високи официјални претставници претставува одговор на изборната измама.







