Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска го прими Џајлс Норман, новоименуван вонредeн и ополномоштен амбасадор на Канада во Северна Македонија, со седиште во Белград, кој во оваа прилика ги предаде копиите на
акредитивните писма.
Како што соопшти МНР, Османи, посакувајќи му добредојде и успех во
вршењето на функцијата, изрази очекување дека позитивниот развоен
тренд на односите меѓу двете пријателски земји успешно ќе продолжи и
за време на неговиот мандат.
На средбата, билатерални односи меѓу Северна Македонија и Канада
беа оценети како блиски и пријателски, засновани на стратешко партнерство меѓу двете земји и споделување на НАТО вредностите и приоритетите.
Исто така, беше потврден заедничкиот интерес за натамошно
унапредување на билатералната соработка во повеќе конкретни
области, со посебен акцент на економската соработка, како и
продолжување на успешната мултилатерална соработка.
Амбасадорот Норман ја пренесе канадската поддршка за реформските
процеси кои ги спроведува Владата на Република Северна Македонија и
ги поздрави надворешно-политичките достигнувања, акцентирајќи дека
со членството во НАТО и перспективата за отпочнување на пристапни
ЕУ преговори, нашата земја се легитимира како кредибилен партнер кој
значително придонесува за мирот и безбедноста во регионот и
пошироко, стои во соопштението.







