Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи, Дескоска и Маричиќ: Подготвени сме за партнерство со ЕУ, друга алтернатива Македонија нема
Македонија

Османи, Дескоска и Маричиќ: Подготвени сме за партнерство со ЕУ, друга алтернатива Македонија нема

септември 27, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денеска формално започна објаснувачкиот скрининг за Македонија и Албанија, како подготовка за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската унија. Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија и главен политички преговарач и Шеф на Делегацијата за преговори со Европската унија  Бујар Османи, Министерката за правда Рената Дескоска и посебниот советник за евроатлантски интеграции на претседателот на Владата на Република Македонија и главен технички преговарач и шеф на техничкиот преговарачки тим Бојан Маричиќ ја предводат владино – државната делегација, составена од 40 експерти, на која Европската комисија ќе и го презентира Поглавјето 23 – Правосудство и фундаментални права.

Османи и Министерката за правда Рената Дескоска имаа свои излагања при официјалното отворање на состанокот.

Вицепремиерот Османи посочи дека почетокот на скрининг процесот е историски момент и влез на Македонија во последната фаза во процесот на подготовка за преговори за полноправно членство во ЕУ.

„Европската и евроатлантската ориентација на земјата претставува точката на обединување на нашето општество уште од самата независност, а во процесот на приближување кон Европската Унија, неповратно се вградени сите претходни Влади, пренесувајќи ги интересите на земјата на своите наследници, кои продолжуваат онаму каде нивните претходници застанале.“

Османи и се заблагодари на администрацијата, граѓанскиот сектор и експертската јавност и упати повик за широка инклузивност во рамките на овој процес и ги истакна трите паралелни процеси по кои Владата, но и целата држава ќе се движат во рамките на евроинтегративните процеси.

„Државата паралелно ќе се посвети на имплементација на Договорите за добрососедство со Бугарија и Грција, ќе го задржи реформскиот моментум за исполнување на забелешките и насоките на заклучоците од јунските совети, како и цврсти и бескомромисно ќе влезе во исполнување на обврските од објаснувачкиот скрининг, подготвувајќи се со тоа, на сите три полиња паралелно, за почеток на преговорите во јуни следната година“ .

Министерката Дескоска, рече дека делегацијата е подготвена да ги вложи напорите во процесот на скрининг, а потоа во процес на преговори, бидејќи овие напори се инвестиција во мир, просперитет, стабилност и безбедност, како инвестиција во развојот на демократијата и заштита на човековите права, инвестиција во безбедна и просперитетна иднина на Македонија.

„Почитувањето на човековите права, независното судство, владеењето на правото и демократијата не се само барања што треба да се исполнат при пристапувањето во ЕУ. Тие се, исто така, стратешките цели на Владата на Република Македонија. Тие се наши цврсти и недвосмислени цели. И ова беше потврдено во нашата Владина програма и во Плановите за реформи, План 369 и План 18.“

Дескоска потенцираше дека владеењето на правото не значи само усвојување на законодавство во согласност со ЕУ, туку и негова конзистентна имплементација на одржливи решенија.

„Нема да оставиме простор за сомнеж во политичка волја за реформите, за борба против корупцијата и криминалот, за заштита на човековите права, за зајакнување на независноста на судството, за замена на владеењето на човекот со владеењето на правото.“

Министерката Дескоска смета дека скринингот ќе помогне да се создаде нова реформска динамика која ќе ја унапреди консолидацијата на Македонија како стабилна, модерна демократија, која ги поддржува и го зајакнува владеењето на правото и целосно ги опфаќа европските вредности.

Бојан Маричиќ во своето излагање во рамки на отворањето на дводневниот состанок рече дека Македонија е прва меѓу земјите на Западен Балкан што го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација во 2001 г., доби статус на кандидат во 2005 г., но чекаше 13 години за отпочнување на преговорите. Маричиќ посочи дека исклучителните напори и динамика вложени на внатрешен план преку итните реформски приоритети, но и на надворешен план преку надминување на билатералните спорови ги отстранија пречките на патот кон ЕУ.

„Ако некој ме запрашаше за нашата перспектива за интеграција во ЕУ пред две години, кога Република Македонија беше во долга и длабока политичка криза, јас сум прилично сигурен дека немаше да предвидам дека денеска, македонската делегација ќе седи тука, во Берлемонт, во срцето на ЕУ, започнувајќи со подготвителната фаза од пристапните преговори во седиштето на Европската унија.“

Маричиќ укажа дека Република Македонија е во клучна фаза на градење на преговарачката структура која ќе го води процесот на општествена трансформација и промена на однесување, кој е потребен за пристапувањето кон ЕУ, но верува дека партнерски однос со Европската комисија ќе помогне во исполнување на стратешката цел.

а еу бугарија грциј македонија НАТО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Наскоро следува продолжен викенд

октомври 15, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.