Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров престојуваат во дводневна работна посета на Брисел каде ќе реферираат за напредокот на Македонија во спроведувањето на реформите за европска интеграција.
Во тек на посетата Димитров и Османи ќе имаат средба со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, како и со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан.
На средбите ќе се разговара за новите можности на евроинтегративните процеси на Република Македонија како и соработката меѓу земјите од западен Балкан.







