Поранешниот директор на Воената сигурносна разузнавачка агенција (ВСОА), Дарко Грдиќ и неговиот заменик Огњен Преост денеска во Загреб беа осудени на по три години затвор затоа што незаконски отуѓиле речиси пет милиони куни (672.000 евра).
Покрај тие двајца, на условни казни осудени се секретарот на кабинетот на директорот на ВСОА, Здеслав Иванковиќ и оперативниот офицер во кабинетот на директорот, Денис Лукиниќ, јави Хина.
Началникот на Одделот за оперативна техника на Управата за информатичка безбедност на ВСОА, Тибор Мијо Куљаниќ е ослободен.
Парите наменети за исплата на доушниците се одземени, според обвинението, во периодот од 2009 до 2012 година.
Обвинетите ги негирале сите точки на обвинението кои им се ставаат на товар.
Целата постапка против петтемина разузнавачи се водела зад затворени врати, без присуство на јавност.







