Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Осумте банки заинтересирани за соработка со Пошта до крајот на месецот треба да достават понуди
Економија

Осумте банки заинтересирани за соработка со Пошта до крајот на месецот треба да достават понуди

септември 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email
До крајот на месецот банките кои изразија интерес да го вршат платниот промет во единиците на Пошта треба да одговорат на писмото што го испрати Пошта до нив за условите што ги нудат, по што процесот ќе продолжи со состаноци меѓу двете страни и избор на оној што ќе го преземе платниот промет во поштенските единици што претходно го имаше Еуростандард банка.

Интерес за склучување договор со Пошта пројавија осум банки. Меѓу нив, НЛБ Банка официјално соопшти дека пројавила интерес за соработка, а  одоние банки што ги контактираше МИА интерес пројавила и ТТК банка, а од дел не добивме одговор.

Од вклучените во процесот наведуваат дека при изборот на банката што ќе го склучи договорот е компатибилноста на софтверот што го воспоставила Еуростандард банка во поштенските единици, за да не се губи време во нова обука на вработените.

Условите што ги нудат банките, до Пошта треба да ги достават до 30 септември.

Првиот човек на НЛБ Банка, Антонио Аргир минатата недела во изјава за медиуми изрази надеж дека недостатокот на услуги што ги даваше Пошта наскоро ќе се надомести.

– Пошта има започнато процес на преговори со банките. На нивно барање преку Македонската банкарска асоцијација, повеќе банки, меѓу кои и ние како НЛБ Банка, пројавија интерес за продолжување на активностите за соработка со Пошта, изјави Аргир по потпишувањето на договор со ЕБОР за две кредити линии.

Од ТТК банка за МИА потврдија дека изразиле начелен интерес за соработка со Пошта.

– По примен допис за иницирање на постапка за започнување на преговори со деловна банка за склучување договор за деловна соработка во делот на платниот промет ТТК БАНКА АД Скопје изрази начелен интерес за разгледување на аспектите и условите на можната соработка. Во моментов се очекуваат дополнителни информации за понатамошното одвивање на постапката, наведуваат од банката.

Платниот промет во Пошта до 12 август го вршеше Еуростандард банка, на која Нароната банка и ја одзеде дозволата за работа. По овој период престана да се врши платниот промет во поштенските единици, а на прес-конференција вработените претставени од синдикатот побараа решение на проблемот.

– Стечајот на Еуростандард банка сериозно го наруши работењето на Македонска пошта. Генерира на дневна основа сериозни загуби на финансиското работење со оневозможување на услугата во платниот промет во над 330 поштенски единици на територијата на целата држава. Дополнитело, и прекинот на услугите во меѓународниот сообраќај и намалувањето на приходите во внатрешниот пазар изминатите шест месеци како последица од коронавирусот кај нас од 2.300 вработени влева сериозна загриженост и страв за иднината на компанијата, редовна исплата на плати и зачувување на своите работни места, посочија од синдикатот.

Оценија дека неработењето на 330 единици на Пошта и статус кво состојбата со неработењето на платиот промет претставува директна закана за егзистенцијата на вработените, но и тоа дека неработењето на поштенските филијали има влијание и врз граѓаните кои ги користат услугите.

Писмото за деловна соработка до сите банки АД Пошта го достави на чеврти овој месец, по што банките имаа рок од три дена да одговорат дали имаат интерес за соработка и потоа да отпочнат преговор.

Писмото следеше откако претходниот ден Владата даде согласност за отпочнување на постапката за преговори за склучување нов договор за услугите за платен промет.

Платниот промет во поштенските единици престана по пропаѓањена Еуростандард банка, преку која Пошта ги вршеше услугите од платен промет, а создаде проблем и на голем бројкорисници кои ја користеа Поштата за исплата на пензија и социјална помош.

банки заинтересирани осум пошта соработка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Пет нови лета до Виена, Краков, Вроцлав, но и до Сицилија и Сардинија

мај 21, 2026

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“:„’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

мај 14, 2026

Потрошувачката на бензини пораснала за над 8 проценти, дизелот и натаму најкористено гориво во земјава

мај 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.