Комесарот за буџет на Европската унија, Гинтер Отингер, повикува да се издвојат повеќе пари од државите членки на унијата, во склад со спогодбата за бегалците со Турција. „Земјите членки треба да финансираат две милијарди плус“, вели Отингер во денешното издание на Шигел.
Во контекст на договорот за бегалци, ЕУ и додели на Турција вкупно шест милијарди евра за сместување и обука на бегалците до 2018 година. Првата транша во износ од три милијарди евра ќе биде исплатена до крајот на годината,
Германија донираше околу 500 милиони евра за бегалците, но експертите од ЕУ веруваат дека Берлин ќе мора да плати многу повеќе во втората транша. И тоа, велат, од две причини. Прво, малку е веројатно дека Унијата ќе може да издвои милијарда евра од сопствениот буџет, а второ, сосема е неизвесно дали Велика Британија, која сака да ја напушти ЕУ, е подготвена да продолжи да плаќа за договорот со Турција.
Сојузната влада неодамна даде впечаток дека може да ги намали плаќањата. Истовремено, Берлин се фокусираше на таканаречената Претпристапна помош, која Турција ја доби како кандидат за членство во ЕУ. Но, само мал број земји членки го поддржува предлогот на Берлин.
Конфронтација со Ердоган
Предупредувањето на Отингер сепак покажува дека односот на Европската унија со Турција е посложен од она што го посакуваше федералната влада.
Канцеларијата на Канцеларот и Министерството за надворешни работи неодамна преку изјави дадоа впечаток дека ЕУ може да ги запре плаќањата во рамките на тнр. претпристапна помош, или барем да ги намали. Заднината на тие „закани“ беше ескалацијата на судирот со претседателот Реџеп Таип Ердога.
Ердоган веднаш потоа ја повлече листата, во која германските компании беа назначени како поддржувачи на тероризам. И кога се чинеше дека министерот за надворешни работи Зигмар Габриел постигна успех турскиот претседател со сериозна закана му се втурна на министерот Габриел во лице: „Кој си ти што зборуваш со претседателот на Турција?“
И покрај сите закани, претпристапната помош за Анкара не е толку лесно да се запре, како што тоа го нагласува Европската комисија. За периодот од 2014-та до 2020 година на Турците им е кажано дека ќе добијат вкупно 4,45 милијарди евра, а досега им се исплатени само 250 милиони евра.
За запирање на исплатата, прво би се барала одлука од мнозинството земјите-членки. Предуслов за ова би бил дека Турција ги крши т.н. Копенхагенски критериуми, вклучувајќи го и владеењето на правото и почитувањето на човековите права. Таков заклучок, како што се тврди во Брисел, меѓутоа, во најмала рака нужно би подразбирал суспензија на самите пристапни преговори. А, тоа не го сака федералната влада.
Затоа ескалацијата во моментов е ограничена на реторика.
(Извор: Шпигел)







