Возачот на „камионот на смртта“ во којшто на југот на Англија биле пронајдени 39 тела, е уапсен после грозоморното откритие. Тој е од Северна Ирска, има 25 години, а неговото име е Мо Робинсон, пренесуваат британските медиуми.
Во меѓувреме се појави снимка од безбедносна камера, само половина час пред да биде откриен ужасот, ио на него се гледа како камионот-ладилник минува низ индустриската зона во Есекс.
„Дејли меил“ наведува дека жртвите се мигранти, кои во земјата влегле најверојатно преку Ирска, која што е „слаба точка“ во контролата за влез на островот.
Според првичните информации, камионот тргнал од Бугарија, меѓутоа ваквите наводи ги негираше премиерот Бојко Борисов. Тој истакнува дека, според податоците од регистрацијата, камионот ладилник последен пат влегол во Бугарија пред две години, во 2017-та.
На потенцијалната рута до Англија, според изворите на британскиот „Дејли меил“, се наоѓа и Србија.








