– На денешната втора лидерска средба кај претседателот на државата не е постигнат консензус за датум за предвремени парламентарни избори. Првично овие избори беа закажани за 12 април, но поради пандемијата со коронавирусот и вонредната состојба тие беа одложени со владина Уредба со законска сила.
Во текот на следните денови, како што се најавува, се очекува партиите да имаат меѓусебни разговори.
ВМРО-ДПМНЕ биле за избори на крајот на август на почетокот на септември, додека СДСМ за крајот на јуни. За брзи избори се изјасни и ДУИ. Алијанса на Албанците и Алтернатива не се за избори на 21 јуни.
На средбата присуствуваат лидерите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРОДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива, Африм Гаши, на Движење Беса, Билал Касами и Азем Садику, како претставник на ДПА.







