Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски за „Њузбомб“: Отвораме уште еден канал на комуникација и соработка со Грција
Македонија

Пендаровски за „Њузбомб“: Отвораме уште еден канал на комуникација и соработка со Грција

октомври 4, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Како одговорни лидери на две соседни земји, имаме обврска да создадеме услови за уште поголемо приближување на нашите народи. Од овие причини патувам за Атина и ќе ми биде особено драго да возвратам на гостопримството овде, со уште поголемо гостопримство во мојата земја, вели претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во изјава за грчкиот информативен портал „Њузбомб“ во пресрет на официјалната, дводневна посета на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот истакнува дека посетата што е на покана на неговата грчка колешка Катерина Сакеларопулу, „доаѓа како продолжение на низата средби на различни нивоа во последните години и е јасен доказ за зајакнатите билатерални односи меѓу двете земји по потпишувањето на Договорот од Преспа“.

Паралелно, Пендаровски ја потенцира и важноста на посетата со оглед на тоа што се случува првпат и објаснува дека никогаш досега ниту еден претседател на Северна Македонија не ја посетил Грција, ниту пак некој грчки претседател бил во Република Северна Македонија.

-Па така, денес ја пополнуваме оваа празнина и отвораме уште еден канал на комуникација и соработка за уште поголемо приближување на двете земји и двата народи. Затоа, главната цел на оваа државна посета е да ја покажеме нашата дополнителна подготвеност за унапредување на билатералните односи во сите области од взаемен интерес, да ја реафирмираме решителната посветеност за пријателски и добрососедските односи меѓу двете земји, како и за понатамошна имплементација на Договорот од Преспа, вели претседателот.

Во изјавата за грчкиот портал посочува дека Република Северна Македонија и Република Грција се две земји кои поминаа низ различни фази во меѓусебните односи, но „сега сме сојузници во најсилниот воен сојуз на планетата, во НАТО Алијансата, работиме посветени на зголемувањето на довербата, ги делиме истите вредности на демократијата и се де соочуваме со слични предизвици во многу области“.

-Во таков контекст, интензивирањето на контактите и проширувањето на тематскиот опсег на нашите односи е нешто повеќе од логично и, би рекол, особено неопходно. Како одговорни лидери на две соседни земји, имаме обврска да создадеме услови за уште поголемо приближување на нашите народи, вели Пендаровски.

Претседателот на Северна Македонија утре и задутре ќе биде во дводневна официјална посета на Грција, ќе биде примен од претседателката Катерина Сакеларопулу, а ќе оствари средба и со грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, и градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис.

актуелно Грција комуникација њузбомб пендаровски соработка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините

јуни 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.