Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: Поништување на Договорот со Бугарија ќе ја запре нашата евроинтеграција
Македонија

Пендаровски: Поништување на Договорот со Бугарија ќе ја запре нашата евроинтеграција

септември 7, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот Стево Пендаровски смета дека не може да разговараме за европски интеграции ако не сакаме да имаме договори за добрососедство со соседите. Не поддржува референдум со кој би се поништил Договорот за добрососедство со Бугарија, оти тоа, како што вели, би ја запрело европската интеграција на земјава. Тоа, нагласува, би било исто како да веруваме оти може да го поништиме Преспанскиот договор со Грција, а да веруваме дека може да останеме членка на НАТО. Тоа, потенцира Пендаровски, не е можно.

„Ова не е мој ад хок став, тоа е втемелено на аргументи и на процес на размислување до што може да доведе ако тој референдум биде успешен. Да нема некоја забуна, да повторам уште еднаш. Ако вие го оспорувате или се обидувате да го оспорите преку референдум билатералниот Договор со Бугарија и европските интеграции и преговори, тоа е исто како некој да ви каже дека можете на референдум да го оспорите или поништите Договорот со Грција – Преспа и да останете членка на НАТО, не е можно. Значи, да немаме илузии, билатералните договори со соседите и добрососедските односи како што ги именуваат во ЕУ се еден од клучните предуслови, секогаш и биле, за интеграција на која било држава не само од овој регион, туку на целиот посткомунистички свет по 1990 година, изјави Пендаровски.

Тој одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата со словачката претседателка Зузана Чапутова, повтори оти не  може да разговараме за европски интеграции ако не сакаме да имаме договори за добрососедство со, како што посочи, првите, со директните комшии.

Во врска со тоа дали би иницирал средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Мицкоски, чија партија покрена постапка за распишување референдум, претседателот Пендаровски истакна оти секој што посакал да разговара со него за кое било прашање, тоа го добил, и оти и тој како претседател иницирал средби и разговори со сите политички чинители.

„Останувам отворен за разговори за кое било прашање што ги тангира интересите на државата и пред се интересите на граѓаните. Меѓутоа, во однос на ова ваше прашање, мојот став е познат, а го соопштив вчера на македонската јавност, рече Пендаровски.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ почне постапка за граѓанска иницијатива за собирање потписи за распишување задолжителен референдум. Референдумското прашање, како што најавија од партијата, ќе се однесува на Договорот за добрососедство со Бугарија што го склучија тогашните премиери Зоран Заев и Бојк Борисов, а кој, според ВМРО-ДПМНЕ, „е извор и почеток на сите проблеми за Македонија и основата по која потоа Бугарија ги темелеше своите максималистички барања и позиции“.

актуелно бугарија Договор пендаровски поништување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.