Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: „Рекет“ круцијален тест, не смеат да се толерираат никакви странични влијанија
Македонија

Пендаровски: „Рекет“ круцијален тест, не смеат да се толерираат никакви странични влијанија

септември 26, 2019Updated:септември 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Аферата „Рекет“ е круцијален тест за системот на правната држава и треба да се реши темелно до крај не заради Европа, туку, пред с, заради нас самите. Не смееме да ги толерираме евентуалните странични влијанија без разлика од која страна
доаѓаат.

Ова е порака што денеска ја испрати претседателот Стево Пендаровски на Третата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија, што се одржува во Собранието.

Како разочарувачка тој ја спомена состојбата што од осамостојувањето на земјава до денес има многу малку пресуди за случаи за висока корупција и изречени соодветни санкции. – А сите знаеме дека такви злоупотреби има многу. Овој факт говори дека високиот криминал и корупција биле прикривани и сме етаблирале култура на неказнување, рече Пендаровски и додаде дека секаде каде што има политички мешања во бизнисот, економијата трпи, малкумина се богатат под сомнителни околности, а народот страда.

-Треба да им дадеме максимална поддршка на нашите институции во борбата против корупцијата, со цел културата на неказнивост да стана минато, истакна Пендаровски.

Најдобри резултати од примената на препораките на ГРЕКО земјава постигнувала во 2002 и 2005 година, но, како што забележа претседателот, од 2010 година резултатите се се послаби за да во последниот извештај бидеме оценети дека сме на незадоволително ниво.

-Нешто не е во ред со имплементацијата на терапијата. Потребна е далеку поголема енергичност и посветеност, граѓаните со право сметаат дека институциите во државата не си ја вршат својата работа на најдобар можен начин. Во борбата против криминалот и корупцијата не може да има добри резултати ако нема системско справување и вредносен систем, којшто ќе биде изграден по европски критериуми, за што е потребна јасно изразена волја на сите политички чинители во државата, нагласи Пендаровски.

За успешно справување со криминалот и корупцијата, порача шефот на државата, потребно е обединување на сите, од власта опозицијата, бизнис секторот, граѓанските здруженија.

-Правната држава и владеењето на правото не смеат да бидат празна флоскула, рече Пендаровски и додаде дека мора да има навремена реакција целосно заштитена од политички влијанија.

Како што додаде напорите на ДКСК не се доволни, нејзината работа треба да ја следат добро подготвено Јавно обвинителство и силно правосудство.

Нагласи дека извесни се членството во НАТО и отпочнувањето на преговорите со ЕУ, но додаде дека на земјата пред се и е потребно градење амбиент во кој политичарите нема да претставуваат посебна категорија на луѓе, за кои нема да важат законите.

Поздравно обраќање пред присутните на сесијата имаше и поранешниот европратеник и поранешен министер за надворешни работи на Словачка, Едвард Кукан, кој на Конвенцијата е во улога на член на Одборот на директори на Словак Еид.

-Има уште три недели пред состанокот на Европскиот совет, на кој меѓудругото ќе се донесе и конечната одлука за иднината на вашата земја, сите имаат свои мислења за тоа што ќе се случи, но моето лично мислење е дека ќе добиете позитивни вести од Брисел. Ова е можеби една храбра изјава, затоа што ние политичарите знаеме дека работите не се готови се додека навистина не се случат, се додека немаме една фактична ситуација, а тогаш можеме да почнеме со славење.

Дотогаш бидете горди и достоинствени. Јас лично сум оптимист, а истовремено оптимисти се и други европски политичари, рече Кукан.

Тој потсети дека претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск за време на посетата во земјава бил јасен и прецизен дека земјата ги исполнила очекувањата на ЕУ за почнување на преговорите. Додаде дека Туск е сериозен политичар со исклучително голем интегритет, кој не би пренел таква порака и не би кажал нешто ако не смета дека навистина не е така.

Истакна дека земјава е предолго во чекалната на ЕУ и додаде дека е крајно време да се отвори патот за преговорите. Кукан нагласи дека три недели до самитот на ЕУ не е долг период, но сепак е доволен за да се дореализираат некои многу важни прашања за државата.

-Имате важни прашања, како законот за Јавното обвинителство, разрешување на случајот „Рекет“. Ако сево ова навремено го спроведетеможе да се придвижите кон експедитивно справување со проблемите, што ќе биде добредојдено и од луѓето во Брисел кога ќе треба да одлучуваат за вашата иднина . Не треба да славите затоа што вие знаете дека работата не е завршена со одредувањето на датумот за преговори, рече Кукан.

Вистинските предизвици, додаде, ќе дојдат со датумот. – Тогаш ќе биде уште потешко, тоа е тежок и макотрпен процес, а уште поголеми предизвици доаѓаат и со самото членство, но сепак големи се и придобиоките од целиот тој процес.

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Никола Поповски му се заблагодари на Кукан за пораките што ги пренесе и напомена дека иако одлуката за земјава е задоцнета, сепак од тоа може да се извелече и нешто позитивно.

-Доброто е тоа што во безвременскиот период во чекалната нема реформа која не била поттикната од европските партнери, која кај нас не сме ја спровеле барем три пати, ние сме веројатно најизвежбан кандидат и шегата, која често ја кажуваат во кулоарите е дека сме биле толку добар кандидат за членство, што не сакаат да не загубат како кандидат, рече Поповски и додаде дека наш е изборот во кој правец ќе се движи земјата натаму.

Во првиот дел од сесијата се обратија и заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, претставникот на Канцеларијата на УСАИД во Република Северна Македонија Ерик Јановски и директорот на Словачката асоцијација за надворешна политика, Томаш Стражај.

Во вториот дел од сесијата на тема „Како против корупцијата?“ говорат поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Мирјана Лазарова Трајковска, советникот за кривична правда Марион Лангфорд, јавниот обвинител Љубомир Јовески, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска.

Во рамки на сесијата ќе биде промовирана и публикацијата „Книга на препораки на НКЕУ-МК“, која ги содржи заклучоците и препораките за перспективите во претпристапните преговори.

актуелно пендаровски рекет толеранција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.