Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЗАКЛУЧОК: Македонија ја модернизира армијата и е активен сојузник во НАТО
Македонија

ЗАКЛУЧОК: Македонија ја модернизира армијата и е активен сојузник во НАТО

ноември 8, 2023Updated:ноември 8, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, утрово во Министерството се сретна со Хавиер Коломина, помошник генерален секретар на НАТО за политички работи и безбедносна политика со кого разговараше за придонесот на Македонија како посветен и активен сојузник во Алијансата кон колективната безбедност на НАТО и кон стабилноста на регионот.

На средбата Петровска истакна дека Македонија во целост ги спроведува прифатените обврски од НАТО пакетот на цели на способности, со особен акцент на модернизацијата на Армијата и унапредувањето на условите и развојот на човечките капацитети во Министерството и Армијата.

„Инвестирањето во македонската одбрана во 2024 година ќе достигне 2% од бруто – домашниот производ, а од средствата наменети за одбрана една третина ќе бидат насочени кон модернизација, што е гаранција дека процесот на опремување на Армијата ќе продолжи да се реализира со несмалено темпо. Посветени сме на модернизацијата како одговорна членка на НАТО но подеднакво и заради националната безбедност“, рече министерката Петровска.

Таа го информираше Коломина за помошта која во досега во 10 наврати Македонија ја донираше на Украина и нагласи дека во согласност со проценките на Генералштабот таа помош и понатаму ќе продолжи.

Во контекст на регионалната безбедност, министерката истакна дека Македонија го зголемува учеството во мисијата КФОР на Косово. Таа потенцираше дека дијалогот меѓу Белград и Приштина треба да продолжи и дека и двете страни треба да ги реализираат преземените обврски.

„Интеграцијата на земјите од регионот во ЕУ е безбедносно прашање и најдобар одговор на обидите за влијанија од трети страни во регионот“, рече Петровска.

Во соочувањето со проблемот на хибридни закани и лажни вести, Петровска ја истакна 100 процентната активна транспарентност на Министерството за одбрана како најдобар начин за превенција и справување со овој предизвик.

Коломина се заблагодари за активното учество на Македонија во НАТО и видливиот придонес кон зацврстувањето на регионалната и колективната безбедност.

Тој го поздрави придонесот на државата во мултинационалните сили на Алијансата во Бугарија и Романија, учеството во мисијата на НАТО на Косово, помошта за Украина во одбрана на нејзиниот територијален интегритет и стабилното инвестирање во развојот и модернизацијата на одбраната.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Министерство за одбрана)

актуелно коломина македонија НАТО Петровска сојузник средба
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.