Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ПО ОДЛУКАТА ДА БИДАТ ОПОЗИЦИЈА: Димитровски си оди од функцијата заменик министер
Македонија

ПО ОДЛУКАТА ДА БИДАТ ОПОЗИЦИЈА: Димитровски си оди од функцијата заменик министер

февруари 14, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски, кој доаѓа од редовите на Демократскиот сојуз, поднел оставка од функцијата и ја доставил до премиерот Димитар Ковачевски, информира за „360 степени“ лидерот на партијата, Павле Трајанов.

Ваквиот потег на Димитровски доаѓа по вчерашната одлука партијата да ја напушти владината коалиција и да премине во опозиција.

ДС има една директорска позиција во јавно претпријатие, во „Службен весник“ и, согласно партиската одлука, и тој треба да поднесе оставка.

„Одлуката е сите носители на функции од нашата партија да си поднесат оставки“, изјави Трајанов за „360 степени“.

Тој не знае дали функционерите ќе поднесат барање до Владата за користење апанажа бидејќи, како што рече, во Демократски сојуз како демократска партија секој самостојно одлучува за тие прашања.

ДС, по седницата на Претседателството и Централниот совет, синоќа донесе одлука да не ја поддржи реконструкцијата на Владата и да го напушти парламентарното мнозинство, соопшти на прес-конференција партискиот лидер Павле Трајанов. Одлуката за ваквиот чекор, како што рече Трајанов, е неисполнување на програмските цели утврдени и усогласени со СДСМ пред изборите во 2020 година.

„Централниот совет заклучи дека ниту една од нашите програмски цели дефинирани низ нашите партиски органи и тела кои беа усогласени со СДСМ пред изборите во 2020 година, но и пред формирањето на оваа влада, не е имплементирана. Имавме договор Македонија да биде една изборна единица, односно да се направат системски реформи во изборните правила. Беше подготвен закон кој помина на собраниските комисии за политички систем и законодавно-правната, но тој сега е блокиран бидејќи спикерот Талат Џафери не ја закажува седницата за овие законски промени. Тоа беше нашата главна определба“, рече Трајанов.

Тој додаде дека не биле исполнети уште две важни програмски цели, а тоа се реформите во судскиот систем и борбата против корупцијата.

„Баравме реформи во судскиот систем преку ревизија на работата на секој судија и утврдување на неговата имотна состојба. Имавме подготвено закон за преиспитување на факти и докази користени во судски процеси. Овој закон ги помина матичните комисии и сега е блокиран, односно не се става на пленарна седница. Што се однесува до борбата против корупцијата, баравме да има посериозен пристап и силна волја на сите партии. Предложивме формирање на агенција за борба против тешки облици на организиран криминал и корупција. И за овој проект немаме поддршка. Има и други работи, предлагаме да се формира фонд, два отсто од буџетот за бизниси на младите и секој студент, штом ќе дипломира, да се вработи во јавниот или во приватниот сектор на сметка на буџетот година дена. Ова е мерка која се применува во Канада и сметаме дека со неа ќе се задржат младите да не заминуваат од Македонија. Но и за тоа немаме поддршка“, изјави Трајанов.

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: МКД.мк)

актуелно Демократски сојуз коалиција опозиција Павле Трајанов
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.