По повод денот на НАТО, 4-ти април, денеска во Воениот музеј во Скопје ќе биде одржана трибина насловена „НАТО и ти“ во организација на Министерството за одбрана, Евроатлантскиот совет на Македонија , НАТО – канцеларијата за врски и хрватската амбасада во Скопје.
По трибината во Воениот музеј ќе биде отворена и изложба насловена „Република Македонија на патот кон НАТО“, која ќе биде отворена за јавноста и ќе трае неколку дена.
Музејската изложба се организира и по повод 25-годишнината од донесувањето на одлуката на Собранието на Македонија за членство на земјата во НАТО.







