Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Поведена постапка за загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци
Хроника

Поведена постапка за загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци

јануари 3, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против лицето кое во изминатите неколку месеци ја загрози сигурноста на градоначалникот на Кавадарци и неговото семејство.

Постапката е поведена поради основано сомнение дека осомничениот, 40-годишен кавадарец, ги сторил кривичните дела „загрозување на сигурноста“ од член 144 став 4 и „насилство“ од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во текот на неколку месеци, започнувајќи од август до 29 декември 2019 година, осомничениот во повеќе наврати психички го малтретирал и навредувал градоначалникот на Кавадарци и неговото семејство, со што кај нив предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Психичкото насилство започнало со закани и објавување статии со клевети и навреди по социјалните мрежи.

Осомничениот повикувал и други лица, користејќи се со повици во кои се содржат зборови од насилна природа.

Тој континуирано го следел оштетениот и неговото семејство, ја фотографирал куќата во која тие живеат и преку нивни роднини им упатувал сериозни закани.

Ваквото однесување на осомничениот било пријавувано во полициската станица во Кавадарци, од каде неколкупати бил опоменуван, но и покрај тоа продолжил да врши психичко насилство и да ја загрузова сигурноста на оштетениот.

Насилството кулминирало вечерта на 28 декември, откако осомничениот поради фотографирање на домот на градоначалникот бил повикан во полициска станица, а во негово име на оштетениот телефонски му се јавило друго лице, упатувајќи му сериозни закани.

Заканите продолжиле и од страна на осомничениот, упатени преку социјални мрежи, во кои тој повикува градоначалникот „да плати со крв и месо“.

Ваквите закани го исполнуваат битието од кривичното дело „загрозување на сигурноста“, бидејќи со заканата упатена преку информатички систем осомничениот се заканува дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години.

Со психичко малтретирање на градоначалникот и на членовите на неговото семејство, кај кои предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, осомничениот ги исполнил елементите на кривичното дело „насилство“.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот, оцени дека се исполнети
законските основи, како и дека постои можност осомничениот да го повтори делото или да го изврши делото со кое се заканува, па во насока на непречено водење на кривичната постапка до Основниот суд Кавадарци поднесе Предлог за определување на мерката притвор.

Судот го прифати предлогот на Обвинителството и на осомничениот му е определен притвор во траење од осум дена.

градоначалник загрозување Кавадарци постапка сигурноста
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

Полицијата санкционираше 102 возачи за неработниот ден

октомври 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.