Пожар во ресторан зад Катастар кај Педагошка академија денеска избувна, при што е уништена покривната конструкција.
Противпожарните служби на Град Скопје интервенирале со пет возила и 15 пожарникари.
Командантот на Противпожарната единица на Град Скопје Владимир Симоновски за МИА изјави дека пожарот кај нив е пријавен во 11:20 часот, а изгаснат околу 11:45 часот.
Најверојатно пожарот избувнал од скарата во ресторанот, по што биле зафатени оџакот и покривната конструкција.
Причинета е материјална штета.







