Премиерот Зоран Заев денеска упати покана до сите граѓани за заедничка прослава на историскиот успех на Македонија.
„Македонија доби покана да стане членка на НАТО и има датум за преговори со Европската Унија. Се изборивме за сигурна иднина! Доаѓа време на надеж, на победи, на гордост. Време на сигурност и безбедност. Доаѓа време на подобар живот за сите граѓани во нашата земја. Затоа, во сабота, на 14 јули, да се обединиме и заеднички да го прославиме историскиот успех на Македонија“, истакна Заев во повикот до македонската јавност.
Прослава ќе биде организирана во 15 градови, во Скопје, Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Куманово, Охрид, Прилеп, Струга, Струмица, Тетово и во Штип.







