Полицајката која учествуваше во инцидентот со функционерот на ДУИ, Бекир Асани, денеска во Јавното обвинителство давала исказ за настанот што се случи минатата недела.
Службеничката дојде во Обвинителството попладнево, а новинарската екипа на ТВ 24 ја забележа кога излегуваше од зградата.
Основното јавно обвинителство вчера за ТВ 24 соопшти дека повело постапка за инцидентот и потврид дека на разговор била повикана службеничката, а надлежен обвинтиел постапува по предметот.
ИЗВОР: ТВ24







