Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Попис ис а мортис: Али, вашето време истече!
Став

Попис ис а мортис: Али, вашето време истече!

март 25, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Груевски бил качен на пластична хоклица и се вртел во пируета за да ја одврти прегорената сијалица во дневната соба, кога на враќање од пазар, Боркица за малку не го спрострела на подот:

„Го прекинаа- викнала жената уште пред да се растовари!

„Што прекинале, мори- прашал Никола со сијалица во високо кренатата десна рака.

„Како што, пописот го прекинаа- почнала благо да се нервира жената на премиерот.

„Кој го прекинал, кој попис, каде, Боркице, дај биди малку појасна, да не ти бркнам у фасонката- рекол Груевски, тресејки ја сијалицата покрај десното уво за да се увери дека е прегорена.

„Комисијата за спроведување на попис го прекинала пописот во Македонија, зарем ти не знаеш дека во твојата држава се одржува попис- рекла Боркица.

„Боркице, а зошто мислиш дека јас треба да ги знам сите детали во државата што ја уништија комуњарите, премиерот не спроведува ниту може да прекине некаков попис.

„Извини душо, извини, ја знаеш ли ти песната од Нада Топчагиќ- рекла Боркица- кој е тука прегорен: сијалицата, ти или јас!?

Седум години потоа на Боркица и е совршено јасно кој бил и кој е прегорен во пописот. И на Груевски му е јасно. Односно би требало да му е јасно. Не би било добро за него да не му е јасно, зашто во тој случај би се работело за тешка дијагноза. А, можеби и не е така, можеби тој ќе инсистира на тоа тоа дека ништо не му е јасно, дека е тотално прегорен и дека во изборот меѓу душевна болница и затвор, ќе се реши за првата варијанта.

И затоа, кога денеска го прашуваат за пописот од пред седум години, тој вика:

„Кој попис….аааааа…. во Македонија, да, да, да, чув дека бил прекинат, друго не знам, прашајте во комисијата, веројатно тие го прекинале и ги мобилизирале пратениците да изгласаат законски прекин, се согласувам, не е убаво што мене како лидер на најголемата и најбогатата партија и претседател на владата, не ме информирале, можеби, ќе сме нашле некое решение, јас и Боркица сме можеле да попишеме барем илјада патриоти, но, ете, така ни функционираа институциите, толкав капацитет имаа, што не е чудно, ако знаеме каква темелна девастација им направија комуњарите на Бранко и на Зоки, освен тоа, да ви кажам право, јас воопшто не го гледам битието на делото.

Со стандардната цинична, подебавачка маска низ која вели: детс ол, фолкс, можеби ќе успеете да ме сјебете, но пред тоа и јас ќе ви го начукам, не веднаш и директно, туку полека и болно, многу болно.

Ќе биде тоа најспектакуларна претстава.

Али Ахмети и Груевски во плаво блиндирано комбе, со пластични кеси преку лисиците на рацете, стигнуваат пред Основниот суд во Скопје, камери зујат, апарати чкрапаат, голооточки топол зајак ги дочекува на влезот, главите им се свиткани како да си ги лижат папоците на Венко, хелихоптери кружат како лешинари над свежа мрша.

Двајцата први луѓе во државата, премиерот на Македонците и премиерот на Албанците, двојката што ја уништи и државата и општеството, финансиски, правно и морално, излегуваат пред лицето на правдата во процесот на столетието: Народот против Али и Никола во случајот “Попис ис д мортис”.

Михајлова: Дали се чувствувате виновни!?

Али и Груевски: Нееееееееее!

Михајлова: Должна сум да ве предупредам дека ако ја признаете вината пола од казната ќе ви се прости.

Али: Значи, ако Груевски признае јас можам да си одам дома?

Михајлова: Ќе се договориме, луѓе сме, сакам сега да ве прашам нешто друго: дали го прекинавте пописот затоа што претходните резултати ви кажуваа дека во Македонија има вкупно 321.567 жители, сите административци, а вие победувате на избори со 700.000 гласови, плус на опозицијата и давате по 300.000, и дека со такви факти ептен ќе се фатевте во измамата, што не е точно во овој навод?

Груевски: Не е точно дека ние заедно некогаш сме освоиле 700.000 гласови. Максимум сме терале до 680.000!

Слушам разни верзии околу новата истрага на Специјалното обвинителство. Те Американците му забивале нож во грбот на Али Ахмети затоа што во овие возбудливи и опасни моменти, тој одбил да ја игра играта според синопсисот од Калето и други верзии, не велам дека тие теории се лишени од секаква смисла, но јас сум повеќе склон да верувам дека работите просто се одвиваат според законитоста во која правните елементи почнуваат да преовладуваат над политичките опортунитети. Односно дека совладувањето на опортунизмот станува услов за решавање на работите во Македонија, а не респектот. Кога работите мораат да се решаваат спротивно на очекувањата на јавноста, дури и против нејзините очекувања, а не во пресрет или со респект кон тие очекувања. Така ќе мора да се реши и прашањето за името и прашањето на хипертрофираната администрација и прашањето на другите реформи, вклучувајки ги и реформите во политичкиот систем. Македонија заглави затоа што триесет годни си се додворуваше самата на себе. Сега е време да оди малку против себе ако сака да се спаси.

Во тие рамки полека, но, сепак неспорно се одвива демонтажата на груевистичкиот режим како заедничко дело на Груевски и на Али. Во симболична и во реална смисла, во политичка, правна и морална смисла, опстанокот на Али, со клучни капацитети во новата коалиција, ја прави таа комбинација и воопшто придвижувањето на Македонија, крајно проблематични и речиси без изгледи. Најнеизвесни ги прави шансите за нова интеграција на општетството. Дури и темите што објективно треба да водат во интеграција тој и неговата екипа ги користат во спротивна насока, меѓу другото, со одредени нагазни мини во Законот за јазиците кои треба да доведат не до негова одбрана пред Уставниот суд, туку до суспензија и до нова дестабилизација на етничка основа.

Тоа се опасни игри.

Али ја доведе абанската кауза до воената и политичка победа во 2001 и до значајното еманципирање и интегрирање на албанскиот фактор преку имплементацијата на рамковниот договор, но низ еден процес во кој успесите успеа да ги девалвира преку три клучни работи: учеството во вмронската девастацијата на Македонија, со високо коруптивна мотивација и со мотивација дека пропаста на Македонија што тој ја стимулираше и на која работеше 11 годни, ќе ја зголеми релативната важност на албанскиот фактор, второ, со карикатуризирањето на неки остварувања какви што беа бесмислените вработувања и трето, тоа што заборави дека девастацијата на Македонија нема да може да не се одрази врз девастацијата на животот на Албанците. Не случајно на последните избори загуби голем број гласачи. Не мал број Албанци го доживуваат како тешко разочарување. Да, и четврто во тие работи се крие и неговата одговорност за влошувањето на геополитичката позиција на Македонија.

Пресметав дека подолго од него на власт во Европа е само Мило Ѓукановиќ, а во светот Башар Ал Асад и ајатолахот Хамнеи. Добро, и по некој крал и кралица, но и крунисаните глави да ги земеме предвид Али ќе биде во едно многу одбрано друштво, без причина, се разбира.

Случајот “Попис” е чиста работа. И врапчињата знаат кој го прекина и зошто го прекина пописот. По линија на објективната одговорност тој и Груевски се одговорни. Тие се одговорни и по линија на тоа што не го спречиле прекинувањето на пописот. Има докази дека се договориле да ја прекинат активноста која ќе покаже дека Албанци има помалку отколку што очекувал Али, а Македонци помалку отколку што се надевал Груевски. Направена е значајна материјална штета, но поважно е дека е направена штета врз мозокот на граѓаните кои дозволија овие две битанги да ги ебат во него уште кога им беше здрав.

Јас мислам дека ова е една од фазите на симнувањето на Али од политичката сцена. Без потреси. Или со потреси што Македонија може да ги издржи. На истрагата тој реагира со вечера за дипломатите и со оставка на својот министер за правда во случајот Алмир, но нема најави и верувам дека нема ниту да има, дека се повлекува од владината коалиција. Затоа што непосредните докази и политичкиот амбиент и тука и во корелации со меѓународниот фактор, се крајно неповолни за него. Поскоро дека ќе дојдат емисари и ќе му кажат: Али, вашето време истече!

Бранко Тричковски

(Колумна во “Слободен печат”)

албанци алио ахмети македонци попис Претстава скопје суд хеликоптери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Скопје домаќин на Регионална министерска конференција за демографските предизвици

мај 7, 2026

Анализата на водата во Скопје покажа дека е безбедна за пиење

април 27, 2026

Австралиската актерка Вилсон на суд поради тужба за клевета

април 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.