Најмалку 15 луѓе, меѓу кои две деца, загинаа во свлечишта и поплави кои се случија во северниот дел на Виетнам, соопштија денеска официјални лица, наведувајќи дека 11 лица се водат за исчезнати.
Поплавите уништија патишта, куќи и имоти, а се проценува дека во последните неколку денови е причинета штета од шест милиони долари.
Поради свлечишта во одделни области е блокиран сообраќајот.
Метеоролозите предвидуваат дека ќе има уште дожд и стравуваат од нови поплави и одрони и клизишта.
Најмногу е погодена провинцијата Лаи Чау, 470 километри северозападно од Ханој, каде загинаа 12 лица.
Во поплави и невреме секоја година во Виетнам животите ги губат стотици лица.







