Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Поранешна Република Македонија
Став

Поранешна Република Македонија

февруари 3, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Македонските тенки „патриоти“ за одбрана на идентитетот и уставното име на државата, ако се суди според посетеноста, иконографијата на протестите и гласноста на хистеријата, ја губат битката со грчките националисти . Солун и Атина станаа срамот на Европа прикажувајќи го повторно грдото лице на грчката демократија. Скопските поворки пред парламентот и пламените говори на свеќи, споредени со грчките митинзи се глувонема редица на најблиските роднини пред капелата за простување од покојникот.

На примитивните популистички митинзи во Солун и во Атина, организирани од опозицијата и подржани од партиски лидери коалициски партнери на владата и од црковниот врв, се минира изгледноста да се најде прифатливо решение за иднината на Република Македонија, да стане современа и стабилна демократска европска држава, членка на најголемите светски воени и економски сојузи НАТО и ЕУ, односно да биде голем сојузник и на Грција. Двајцата премиери Ципрас и Заев сѐ уште оставаат впечаток дека навистина сакаат решение кое нема да ги повреди двете страни и ќе ја симне 25-годишната блокада на европеизацијата на Македонија, од што најголема полза ќе извлече пак Грција, но последниве неколку дена како да се потивки во своите определби. По добриот и ветувачки почеток во Давос, со силниот отпор прво во Солун, а утре и во Атина, како повторно да превагнува прашањето дали грчките митинзи организирани од политички партии и разни националистички здруженија, а поддржани од државни институции кои ги запалија огновите и изнесоа стотици илјади граѓани на улиците на најголемите градови во Грција, ќе станат пресудни и по 25 години да продолжи блокадата на Република Македонија во остварувањето на своите стратегиски цели.

Ќе биде ли тоа уште една силна шлаканица по Букрешт 2008 година и на Америка, и на ЕУ, и на НАТО, и на Обединетите нации, и на сѐ она што се подразбира под меѓународна заедница. Можат ли да го уништат целиот тој труд и напор споулавени и фрустрирани националисти. За луѓе со здрав разум, да речам со појасно разграничување, за нормални луѓе кои се современици и живеат на крајот од втората декада на 21 век, ова е навистина тешко да се разбере.

Ако станува збор за византиски игри и надмудрувања, да се постават митингашки понижувачки предуслови за соседот да биде прогласен за виновен што не прифаќа решение по диктатот на Грција, тогаш единствениот можен позитивен одговор е прашањето дали сите погоре набројани евидентно заинтересирани страни Америка, ЕУ, НАТО, ОН со Меѓународниот суд за правда немаат сила и волја да најдат аргументација и да испорачаат праведно решение кое навистина ќе биде прифатливо и нема да го повреди ниту достоинството, ниту интересите на двете земји. Страв да те фати колку банални и истрошени од преголема употреба станаа овие суштински предуслови за праведно решение.

 

Целата колумна на Ерол Ризаов за „Независен“, прочитајте ја на следниот линк.

Атина Букурешт Грција Европа ЕУ македонија НАТО солун
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор

јуни 10, 2026

„Гардијан“: ЕУ се обидува да покаже дека Западен Балкан не е запоставен на патот кон ЕУ

јуни 6, 2026

Украина ѝ се извини на Грција поради украински поморски дрон пронајден кај Лефкада

јуни 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.