Поранешниот премиер Никола Груевски се огласи на ФБ за новиот предлог за името – Северна Македонија.
Тој на социјалната мрежа фејсбук објави две негови изјави од времето кога беше премиер, истакнувајќи дека предлогот Северна Македонија е неприфатлив за него.
„Јавно отфрленото во 2009-тата – денес прифатено, но во далеку полоша верзија. Не само за надворешна, туку и за целосна внатрешна употреба, плус промена на уставот, откажување од дијаспората, историјата, АСНОМ, Илинденското востание и идентитетот“ – напиша Груевски.
ТВ24







