Во присуство на дипломатскиот кор и државниот врв свечено беше отворен почесниот конзулат на кралството Мароко во македонија.
Македонија и Мароко првпат воспоставија дипломатски односи на 18-ти септември 2002 година.
Функцијата на почесен конзул ја извршува Илија Малинковски, назначен на оваа позиција во септември минатата година, кој е истакнат член на заедницата и со својата работа придонесува за културно и економско зближување на двете земји.
Свеченото отворање на конзулатот е продолжување на пријателските односи меѓу двете земји кои се карактеризираат со взаемна почит и разбирање кон стратешките цели и националните приоритети.







