Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Почнува вакцинацијата на граѓани под 75 години
Во Фокусот

Почнува вакцинацијата на граѓани под 75 години

април 15, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денеска почнува вакцинирање и на граѓани на возраст под 75 години, пријавени преку сајтот „vakcinacija.mk“, или преку матичните лекари.

Во салата „Борис Трајковски“ во Скопје вчера заврши вакцинирањето на вработените во критичната инфраструктура.

Досега се вакцинирани близу 30 000 граѓани.

Во државава се бележи благо намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19. Според надлежните, мерките даваат резултат, а нивното евентуално продолжување ќе зависи само од индикаторите. Вакцинацијата засега се одвива успешно.

„Фреквенцијата на спроведување на вакцинирање е нешто зголемена во изминатите денови и од 700 до 800 вакцинирани дневно, сега има 1000 до 1500 вакцинирани и согласно пријавените термини тоа се спроведува во сите градови, истакна вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека како ќе доаѓаат вакцините, така ќе се надополнуваат системите.

„Од компанијата ‘Фајзер’, преку директен договор, на 19 и 26 април треба да стигнат по 10.000 дози. Исто така, се очекува и информација од Руската амбасада за дополнителни количини на вакцината ‘Спутник’, а до крајот на месецов би требало да  пристигнат 76.000 дози на ‘Астра Зенека““, рече Филипче.

Министерот најави дека се очекува од Кина да стигнат 200.000 вакцини, кои ќе бидат распределени по овој систем на вакцинација, што веќе се спроведува ширум државата.

„Ќе работиме во овој период што е пред нас, очекувајќи ги кинеските вакцини што ќе направат најголема промена во динамиката на спроведување на вакцинација и места за масовна вакцинација во уште неколку градови по примерот на салата „Борис Трајковски“, а тоа ќе бидат градовите Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово, покривајќи соодветни региони околу овие здравствени домови што може овој процес да го изменаџираат со кадар“, додаде Филипче.

Инаку, деновиве се бележи тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19.

„Бројот на новодијагностицирани е околу 1000, што потврдува дека епидемиолошката крива е во континуиран пад и тоа еден добар податок“, смета министерот за здравство.

Сепак, тој посочи дека притисокот во болниците е се уште голем со оглед на тоа што се уште има голема бројка на дијагностицирани.

„Во сите јавно-здравствени установи согласно распоредите и прераспределбата на пациенти има слободни болнички кревети и во Скопје на Интерните клиники и во ковид – центарот во Заводот за рехаблитација во Козле, како и во другите градови. Се прави прераспределба на пациенти од другите градови ако треба. Во овој момент се преоптоварени болниците во Куманово и во Битола и тоа на дневно ниво го менаџираме“, рече Филипче.

На инфективните оддели заклучно со вчерашниот ден има 1762 пациенти заболени од Ковид-19. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка. Во главниот град, пак, за 24 часа имаше 64 хоспитализирани, а вкупно се лекуваат 703 лица. Во ковид центрите има околу 310 празни болнички кревети.

Што се однесува до тоа дали ќе има потреба од продолжување рестриктивните мерки по 20 април, министерот Филипче вчера потенцира дека тоа ќе зависи само од индикаторите. Доколку има потреба, ќе се продолжат.

„Продолжувањето на сегашните рестриктивните мерки по 20 април ќе зависи од индикаторите кои се следат при носењето на одлуките за нивно воведување. Ако има потреба – да, ќе ги продолжиме. Веројатно ќе разговараме викендов и на почетокот на идната недела и ќе ги следиме бројките и менаџирањето со болниците. Тоа беа критериумите врз кои одлучувавме и анлизиравме до сега, а така ќе биде и во текот на следната недела“, дециден е Филипче.

Рестриктивните мерки кои сега се во сила опфаќаат забрана за движење во периодот од 20 до 5 часот, а затворени се и сите угостителски објекти низ државата, како и рестораните и кафитериите во хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 144.111. Оздравени се 119.683, а починати 4.322. Бројот на активни случаи изнесува 20.106. Досега во земјата се направени вкупно 677.988 тестирања на Ковид-19.

 

 

(Фото: МИА)

актуелно астра зенека вакцинација венко филипче ковид спутник фајзер
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.