Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Прв договор меѓу Европска унија и Македонија на македонски јазик
Македонија

Прв договор меѓу Европска унија и Македонија на македонски јазик

октомври 26, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Носам добри вести од Скопје – вчера Владата донесе одлука со која го усвои текстот на Договорот меѓу Република Македонија и Европската Унија, со кој се регулира статусот и соработката со европските погранични органи Фронтекс. Подготвени сме за негово потпишување.“

Ова, на 6 -ти јуни 2018 година, тогашниот вицепремиер задолжен за европски прашања, Бујар Османи, му го соопшти на еврокомесарот за миграција и внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос, на средба во Брисел. Но, македонската подготвеност се најде пред „бодликава жица“ многу поголема од онаа со која некои земји на ЕУ го спречуваа напливот на илегални мигранти. Имено, Бугарија беше единствената земја што го блокираше потпишувањето на тој договор, поради непризнавање на македонскиот јазик.

Четири години без успех завршуваа напорите тој да биде потпишан, а негова деблокада беше најавена по прифаќањето на францускиот предлог, кој значеше и симнување на бугарското вето за почеток на македонските преговори со ЕУ, но условен со уставни измени.

Нацрт- договорот со Фронтекс подготвен уште во 2018 година, во изминатиот период мораше одново се преговара, заради усогласување со новите директиви. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се подготвува да стави потпис на тој договор заедно со еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон. На чинот ќе присустваат и премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, која попладнево од Скопје ја почнува турнејата низ шесте земји на Западен Балкан.

Спасовски не го крие задоволството што конечно ќе се финализира Статусниот Договор за соработка на Македонија со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс), кој заради претходно споменатата блокада, сега добива и значење плус.

„Значаен е, бидејќи тоа е прв договор меѓу ЕУ и Република Северна Мкаедонија кој ќе биде потпишан на македонски јазик. Второ, од аспект на оперативната активност многу значајно е што со овој Договор ќе овозможиме подобра заштита на границите и брзо распоредување на персонал и опрема на Фронтекс на критични точки на границите“, вели Спасовски за ДВ.

А токму вчера Европската Комисија вчера одобри нова финансиска помош од 39,2 милиони евра за подобрување на заштитата на границите на земјите од Западен Балкан. Парите, кои се дел од претпристапната помош за земјите ккандидати за членство, се наменети за купување мобилни системи за набљудување, за дронови, за биометриски уреди, за обука и поддршка за создавање на национални координативни центри.

Покрај ова, ЕК предлага Србија, Црна Гора, БиХ и Албанија да потпишат нови договори за зајакнување на границите, преку кои тимовите на „Фронтекс“ ќе можат да бидат распоредени на сите нивни граници, а не како досега, само на границите со земјите од ЕУ.

Тоа не е случајно. Податоците говорат дека балканската рута годинава била најактивно користена од илегалните мигранти на нивниот пат кон ЕУ. Според податоците на Фронтекс, над 106.000 луѓе биле спречени во таков обид во првите 9 месеци од годината, што е раст од 170 отсто во споредба со 2021 година.

До крајот на 2024 година, ЕУ ќе потроши уште околу 150 милиони евра (од вкупно 350 милиони евра) за поддршка на Западен Балкан во разработување на системи за управување со миграцијата, гранична безбедност и репатријација на илегални имигранти.

Денешното потпишување на Договорот со Фронтекс пред два дена го најави и еврокомесарката Јохансон, укажувајќи на значењето на таа соработка.

„Мора да го поддржиме Фронтекс во земјите партнери од Западен Балкан, каде веќе имаме 300 мажи и жени кои овозможуваат поддршка на границите. Во среда ќе одам во Скопје, за со министерот Оливер Спасовски да го потпишеме Договорот за Фронтекс помеѓу ЕУ и Северна Македонија, што мислам дека ќе биде уште еден важен чекор напред. Покрај ова, треба да ја зајакнеме поддршката кон нашите партнери од Западен Балкан околу враќањето и реадмисијата, а се надевам дека следната недела веќе ќе можеме да зборуваме за отпочнување на оперативно партнерство против криумчарењето мигранти“, порача пред два дена Јохансон, на министерска конференција во рамки на Прашкиот процес, на која учествуваше и министерот Спасовски.

Тој објасни дека распоредувањето на персонал на Фронтекс ќе уследи по повеќегодишната реализација на Заедничката операција на јужната граница на Македонија, во чии рамки странски полициски службеници од повеќе европски земји и партнери заеднички работеа на зачувување на границите и на безбедноста на македонските граѓани, а со тоа и безбедноста на државјаните на ЕУ.

актуелно бугарија Европска унија имигранти македонија ФРОНТЕКС
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.