На 18-та седница на Собранието, која е закажана за денеска во 11 часот, на дневен ред се неколку точки. Ова е прва седница по одржувањето на локалните избори.
На дневен ред се предлог на одлука за изменување на Одлуката за испраќање на припадник на АРМ за учество во мировната операција на Обединетите нации, УНИФИЛ во Либан, барање за давање на автентично толкување на член 15 став 4 алинеа 5 и член 69 од Законот за градежно земјиште, поднесено од градоначалникот на Општина Илинден, барање за давање на автентично толкување на член 12 и член 13 од Законот за градежно земјиште, поднесено од ВД градоначалникот на Општина Струга, барање за давање на автентично толкување на член 9 став 1 алинеја 1 од Законот за јавни набавки, поднесено од градоначалникот на Општина Куманово, како и барање за давање на автентично толкување на член 14 став 4 и член 42 став 10 од Законот за минерални суровини, поднесено од градоначалникот на Општина Богданци.
Според информациите од Собранието, дополнително ќе биде закажана седница за верификација на мандатите на новите пратеници, кои ќе дојдат на местата оние кои на локалните избори станаа градоначалници.







