Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Предлог-законот за класифицирани информации во две собраниски комисии
Политика

Предлог-законот за класифицирани информации во две собраниски комисии

октомври 2, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Предлог-законот за класифицирани информации во прво читање денеска треба да биде разгледан во собраниската Комисија за европски прашања и во Законодавно-правната комисија.

Предлог-законот завчера беше прифатен во матичната Комисија за одбрана и безбедност, а министерката за одбрана Радмила Шекеринска во образложението нагласи дека законот ќе се однесува на националните класифицирани документи, но и на класифицираните информации кои се добиваат од страна на меѓународни организации или создавање меѓусебна соработка, со главен акцент на комуникација со документи кна НАТО што се и класифицирани.

„Класификацијата не смее да биде основ за прикривање. Напротив, се дава безбедност и заштита на сите лица кои сметаат или можат да утврдат дека класификацијата била злоупотребена за да се покрие кривично дело, незаконско работење или злоупотреба. Тоа тука е јасно прецизирано“, истакна Шекеринска.

Таа додаде дека привршуваат сите подготовки за да се обезбеди и физичка и процедурална безбедност на класифицираните иниформации, а тоа значи дека пристапните точки до кои ќе стигаат документите и информациите на НАТО се прилагодуваат целосно на стандардите на Алијансата.

Во сите клучни институции, потенцира Шекеринска, се привршуваат целосни мерки на физичка стабилност, затворање на прозорци, заштита од електромагнетно зрачење и целосен видео надзор.

На седницата на Законодавно-правната комисија се и Предлог – одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина и Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Исламската Република Авганистан.

На посебна седница Законодавно-правната комисија ќе го разгледува Предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година во второ читање.

Во собранието денеска ќе се одржи и јавна расправа на тема: Улогата на жените во руралните средини и нивните предизвици во Комисијата за еднакви можности на мажите и жените.

актуелно класифицирани-информации Предлог-закон
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.