Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Преспанскиот договор во фокусот на средбата Сакеларопулу – Пендаровски во Атина
Македонија

Преспанскиот договор во фокусот на средбата Сакеларопулу – Пендаровски во Атина

октомври 5, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Договорот од Преспа, неговата целосна и доследна имплементација и можностите за продлабочување на билатералната соработка беа темите на кои се осврнаа претседателите на Македонија и на Грција, Стево Пенадровски и Катерина Сакеларопулу, во Претседателската палата во Атина.

Двајцата претседатели ја истакнаа важноста на официјалната посета со оглед на тоа дека станува збор за прва на највисоко државно ниво.

„Вашата посета е прва официјална посета на претседател на Република Северна Македонија во мојата земја. Па така, таа добива особена важност и симболика за односите меѓу нашите земји“, рече грчката претседателка.

Сакеларопулу ја истакна важноста што Грција ја дава „за зајакнување на билатералните односи и за европската перспектива на Македонија“.

„Ќе се согласите дека целосно, доследно и со добра волја применување на Договорот од Преспа е клучно за постигнување на овие две цели. Веќе поминаа две и пол години откако Договорот од Преспа стапи во сила. Препознаваме дека од страна на Северна Македонија се направени позитивни чекори, но сепак постојат доста нерешени прашања. Затворањето на овие отворени прашања ќе овозможи понатамошен развој на нашата соработка, рече Сакеларопулу и додаде дека од грчка страна ги разгледуваат сите аспекти на билатералната соработка.

Претседедателот Пендаровски истакна дека иако, како што наведе, не е склон кон политичка патетика, сепак, мора да каже дека оваа посета и средбата со Сакеларопулу имаат секако историска димензија.

„Да имате прва средба на највисоко политичко ниво по 30 години меѓу две земји кои се директни соседи е значајна работа. Ние и претходно имавме одлична соработка, но од 2018 година ја поставивме таа политичка и правна рамка наречена Преспански договор која ни овозможи уште подбро да соработуваме. Вие сте правник, како и јас.
Сакам да ви кажам еден правен принцип кој вие добро го познавате, а до кој ние имаме намера да се држиме во однос на Преспанскиот договор – ‘Pacta sunt servanda’, што значи дека договорите треба да се чуваат и да се почитуваат“, порача Пендаровски.

Тој се согласи со констатацијата на Сакеларопулу дека многу работи се направени во изминатите две и пол години.

„Јас би рекол најголемиот и најтешкиот дел се имплементирани. Се разбира има уште неколку работи што треба да се завршат и, како што реков, ние имаме апсолутно јасна политичка волја и намера да го завршиме тој договор до последната буква. Преспа нас ни овозможи да влеземе НАТО и следната наша цел за која ја очекуваме вашата поддршка е да почнат преговори со Европската Унија и да го заокружиме тој наш евро-атлантскиот сон“, нагласи Пендаровски по средбата со Сакеларопулу.

Од Претседателската, претседателот Пендаровски ќе замине за Премиерската палата, каде што ќе има средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, а во текот на денот ќе се сретне и со градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис.

Во рамки на посетата, претседателот ќе го посети музејот Бенаки, каде што е предвидено разгледување на архивата на Константинос Доксијадис и ќе оствари средба со американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пајат.

За време на посетата, претседателот Пендаровски е придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, која што во рамки на дамската програма, ќе ја посети Националната галерија во Атина, во придружба на министерка за култура и спорт на Грција, Лина Мендони.

 

 

 

 

 

(Извор и фотографии: МИА)

актуелно Атина Грција македонија преспа средба стево пендаровски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.