Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот словенечки амбасадор, Грегор Прескер
Некатегоризирано

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот словенечки амбасадор, Грегор Прескер

септември 6, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Словенија, Грегор Прескер.

Посакувајќи му добредојде во нашата земја на амбасадорот Прескер, претседателот Пендаровски го истакна задоволството од одличните билатерални односи и од успешната соработка меѓу двете пријателски земји кои се карактеризираат со перманентна меѓусебна поддршка и почитување.

Претседателот Пендаровски, изразувајќи голема благодарност за јасната и безрезервна поддршка што Словенија ја дава за нашата европска перспектива, како и за споделување на искуствата со нас во овој процес, изрази уверување дека ќе продолжат со уште позасилен интензитет во периодот што претстои. Тој ја нагласи и подготвеноста за интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена, како и посветеноста за збогатување на соработката во областа на безбедноста, одбраната, земјоделството, образованието и културата.

Претседателот Пендаровски рече дека македонското малцинство во Република Словенија и словенечкото малцинство во Република Северна Македонија, освен што се промотори на културното богатство и традиција на двете земји, претставуваат и мост за натамошно јакнење на македонско-словенечкото пријателство. Во тој контекст, Претседателот оцени дека сè поголемиот број на македонски студенти кои го уживаат словенечкото гостопримство уверува дека иднината на македонско-словенечкото пријателство е обезбедена.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, амбасадорот Прескер нагласи дека одличните меѓусебни односи меѓу двете земји беа потврдени и со тоа што Република Словенија е првата странска земја што отвори своја амбасада во нашата земја и што нашата држава ја отвори својата прва амбасада во Република Словенија.

Новоименуваниот словенечки амбасадор ја истакна успешната политичка соработка меѓу двете земји, економската, како и соработката во областа на одбраната, внатрешните работи, културата, науката, образованието како и во областа на спортот.

Амбасадорот Прескер истакна дека за време на неговиот мандат ќе се залага за успешен напредок на Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ и дека Словенија сака Северна Македонија што поскоро да ги исполни сите неопходни услови за успешно продолжување на процесот на пристапување во ЕУ. Тој додаде и дека искрените, отворени и пријателски односи меѓу двете земји се потврдуваат и со брзата одлука на Северна Македонија да испрати војници во Словенија, кои несебично помагаа на словенечкиот народ по неодамнешните катастрофални поплави и изрази благодарност за солидарноста на нашата земја и пожртвуваноста на македонските војници во таа тешка ситуација.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Прескер му посака успех во извршување на функцијата.

акредитиви актуелно амбасадор пендаровски словенечки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.