Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Претставата „Симбелин“ на отварањето на Битола Шекспир фестивал
Театар

Претставата „Симбелин“ на отварањето на Битола Шекспир фестивал

јуни 26, 2017Updated:јуни 26, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во манирот на автентичниот Шекспир, во петокот вечерта, на 23.јуни, бугарскиот Драмско-куклен театар од Пловдив, со претставата „Симбелин“, на петтото издание на Битола Шекспир фестивал, прикажа на сцената еден сепак модерен „коментар“ на делото на Шекспир, но и на театарската актуелна естетика и воопшто на реалноста во која се наоѓаме.

Строго, според стариот шекспировски принцип – само машки актери во сите улоги (и оние женските), режисерката Лили Абаџиева, „доминираше“ од сенка со машката екипа на сцената, повремено третирајќи ги актерите како кукли, доведувајќи ги во ситуација на бурлеска, а реалноста ја провоцираше вметнувајќи скандирања како „Брегзит, Брегзит“ во класичниот текст на Шекспир.

Два и пол часа, без можност за пауза и земање здив, „Симбелин“ на Драмско-куклениот театар од Пловдив, во режија токму на Лили Абаџиева, фасцинираше на сцената – со прецизноста и градењето на ликовите, со поигрувањето и мешањето на времињата и стиловите, со сценографијата и сценските ефекти, кои навидум едноставни, кулминираат со спектакуларна сцена на битка, доловена преку борба на сенки…

„Симбелин“ е текст кој наликува како да е збир, компилација од повеќе текстови на Шекспир. Некако можат да се препознаат ситуации како од „Ромео и Јулија“, „Дванаесетта ноќ“…Интересно е дека „Симбелин“ е текст од Шекспир, кој многу ретко се поставува во театрите. Годинава првпат тој текст како претстава се појавува и на Битола Шекспир фестивал, во текот на неговото петгодишното постоење .

„Претставата на Лили Абаџиева, што во петокот ја видовме на сцената на Битолксиот народен театар, можеби остава впечаток како да е збир од некои нејзини најдобри дела. На моменти наликува на омаж од секвенци на некои други нејзини претстави според текстови од Шекспир, на кој таа е посветена и кореграфски, сценографски и естетски“ – вели Благој Мицевски, уметнички директор на Шекспир театар фестивал.

„Лили Абаџиева е позната и на македонскаа театарска сцена, веќе подолго време, по нејзината работа. Таа има поставено две претстави во Битолскиот народен театар, а по една во МНТ и во Драмски театар во Скопје. Абаџиева има една специфична естетика и ја поканивме да работи со нас и да гостува, зашто го негува традиционалниот шекспиров принцип – да работи само со мажи во нејзините претстави, токму онака како што работел и Шекспир во свое време. Со таквиот принцип на работа, таа стана многу популарна во театарскиот свет. Нејзината „Ромео и Јулија“ беше прогласена за најдобра претстава на фестивал во Москва, а на фестивалот во Египет, со истата претстава освои Гран при… и на некој начин нејзина специјалност е шекспировите претстави да ги работи исклучиво со машка поделба на ликовите. Се уште ја паметиме нејзината претстава „Отело“, која се играше на МОТ… “ – вели Мицевски за работата на Абаџиева.

За гостувањето на Драмско-куклениот театар од Плевен, Мицевски посочува:

„Драмскиот театар од Плевен е театар со кој Битолскиот народен театар имаше долгогодишна соработка, на ниво на размена на гостувања и претстави. Во еден период таа соработка беше во застој. Се израдувавме кога разбравме дека на својот репертоар имаат претстава во Шекспир. Се работи за Драмско-куклен театар, што значи дека имаат и драмска и куклена сцена. Во Бугарија е многу развиена куклената сцена и постои и специјална Академија за куклен театар. Инаку ова е театар со голема традиција. Имаат многу млада актерска екипа, која имавме можност да ја видиме во Битола, токму со претставата „Симбелин“, која се прикажа на третата вечер од петтото издание на Шекспир театар фестивалот… Театарот прави по 5 до 7 продукции годишно и многу е сличен според начинот на работа на нашиот Битолски народен театар. А и градот Плевен е со слична структура како Битола, со околу 100.000 жители “

Овогодишното петто издание на Шекспир театар фестивалот се одржува од 21.јуни до 2 јули.

 

актуелно битола Пловдив Симбелин театар Шекспир
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.