Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Продолжува комисиската расправа за предлог амандманите на Уставот
Македонија

Продолжува комисиската расправа за предлог амандманите на Уставот

декември 19, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Собраниската Комисија за уставни прашања денеска треба да ја продолжи расправата за четирите предлог амандмани на Уставот и извештајот што Владата го достави до Парламентот по петте јавни дебати одржани како вовед во третата и последна фаза од уставните измени, согласно Договорот од Преспа.

По јавните дебати нема големи промени на четирите амандмани. Со првиот амандман се предвидува во Уставот зборовите „Република Македонија“ да се заменат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во членот 36, кој има историски апсект. Со вториот во Преамбулата на Уставот зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ” и се додава Охридскиот рамковен договор. Во третиот се наведува дека “Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави”, а четвртиот се однесува на иселениците и во него се предвидува дека “Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината, a оти притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи“.

Парламентарни партии во оваа трета и последна фаза имаа право за поднесување амандмани на уставните амандмани, за што рокот беше до саботата доцна попладне. До Собранието на Република Македонија во законскиот рок пристигнале седум амандмани и тоа два од Алијанса на Албанците, еден од Беса, еден од пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири и три од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Амандмани не поднеле пратеничките групи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ.

По завршувањето на дебатата во Уставната комисија, предлог амандманите треба да бидат разгледани и изгласани на пленарна седница. Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека се очекува да биде закажана по божикните празници, најрано на 9 јануари. Се очекува целиот процес на уставни измени да биде завршен во средината на јануари. Уставните амандмани се носат со двотретинско мнозинство што се очекува да биде постигнато во Парламентот.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров вчера на првиот ден од расправата во Уставната комсија рече дека е убеден оти инклузивниот процес со внесување на сите одржливи сугестии може да обезбеди двотретинско мнозинство во Парламентот.

Тој оцени дека процесот на јавна дебата за уставните измени беше спроведен и организиран со максимална инклузивност и подготвеност за прифаќање на секое разумно и рационално дополнување и усовршување на предлозите за амандманите во духот на Договорот од Преспа.

„За време на дебатите беше потврдено дека предложените уставни измени и амандмани се прифатливи и од аспект на идентитетските одредници утврдени во уставот и дека сите предложени решенија се во рамки на нашата уставно-правна традиција и терминологија, изјави Димитров.

Ги повика пратениците да бидат креатори и да бидат запаметени како оние што ја ставиле земјата во нова реалност на меѓународните односи, како земја со автентична улога и став и земја учесник и креатор на сопствената судбина.

„Мислам дека направивме се за еден исклучително деликатен процес како Влада да ги вклучиме сите други, затоа што нашиот природен интерес беше да се сподели оваа одговорност и со претседателот на државата и со опозицијата во Собранието. Потпишувањето на договорот е во согласност со член 119 од Уставот и членот 3 од Законот за меѓународни договори, изјави Димитров.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, пак, кажа дека тие нема да учествуваат во понатамошните фази на процесот за уставни измени кој, како што рече, е повеќе фарса, отколку право.

„Како пратеници немаме мандат да учествуваме во обидите за менување на уставот што е спротивно на референдумската одлука. Ние во понатамошниот тек од уставните измени нема да го поддржиме нелегитимниот процес и нема да учествуваме во понатамошната постапка на рушење на македонската држава, изјави Мицевски.

Според него, договорот не извира од македонските интереси, туку дека е наметнат од друга страна и Македонија и Собранието се ставени пред свршен чин.

амандмани Комисија собрание
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Наскоро следува продолжен викенд

октомври 15, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.