Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Продолжуваат подготовките за пописот, власта ја повика опозицијата на обединување
Македонија

Продолжуваат подготовките за пописот, власта ја повика опозицијата на обединување

февруари 26, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Патриотска партија која се залага за македонштината го повикува својот народ да се попише за да бидат бројките толку колку што се во реалноста. Пописот ниту ќе даде плус право, ниту ќе одземе некому право. Само ќе ги констатира состојбите во државата, порача вчера премиерот Зоран Заев, повикувајќи ја повторно опозициската ВМРО-ДПМНЕ да учествува во оваа статистичка операција, која, како што рече, е премногу важна и од која ќе произлезат информации неопходни за развојот на државата.

-Вистински патриотски партии коишто се грижат за својата земја не го бојкотираат пописот, не изнаоѓаат начини за собирање потписи кога можат само со еден пратеник овде да го оспорат законот. Вистински партии во земји во кои 20 години нема попис, ете од кои било причини 20 години сме останале без попис, се вклучуваат внатре и учествуваат комплетно заради тоа што насушно и треба на државата за секој нејзин иден план оваа статистичка операција која ја вршат сите земји во светот, така и нашата, рече Заев на собраниската седница за пратенички прашања.

Нагласи дека СДСМ нема никаква намера да се инволвира во пописот од партиско-политички аспект и нема никакви амбиции да мести попишувачи. Ги повика членовите на СДСМ да се јават во пописните комисии и рече дека очекува да се јават и од ВМРО-ДПМНЕ, како и сите граѓани, пред се, стручни лица.

Министерот за правда Бојан Маричиќ исто така одговарајќи на пратеничко прашања истакна дека подготовките за спроведување на пописот се одвиваат одлично и следната недела, од понеделник, ќе почне попишувањето на одредени категории како припадници на АРМ, лица во воспитно – поправните домови, нашите дипломати, нивните семејства во странство и бездомните лица. Донесен е и здравствениот протокол за изведување на пописот и со тоа и здравствените предуслови и заштитни мерки се подготвени.

Маричиќ посочи дека во услови кога опозицијата собира потписи за да го оспори Законот за попис, од Евростат е добиена официјална потврда дека методологијата и Законот и начинот на кој се планира и ќе се спроведе пописот се во согласност со сите стандарди што се практикуваат во современиот свет.. Ова, додаде министерот за правда, ги руши сите критики на опозицијата за наводно лош и неевропски закон, дилеми дали имало или немало потреба да се стави европско знаменце на законот, за методологијата и за се друго.

-Затоа испраќаме порака ајде да се обединиме да ја оставиме дневната политика настрана и заедно да го направиме пописот. По ваквиот став на Евростат се исполнети сите предуслови и ВМРО-ДПМНЕ и сите партии да го поддржат пописот наместо да ја опструираат оваа статистичка операција која е од клучно значење за државата и за граѓаните. Лично мислам дека тоа треба да го направат сите политички партии. Ги повикувам да се охрабрат и да го направат тоа, рече министерот за правда додавајќи дека целото општество треба да се мобилизира за успешно спроведување на оваа операција.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак опстојува на становиштето дека пописот нема да биде статистичка туку политичка операција и дека власта сака да спроведе фингиран попис. Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова потенцираше дека партијата има полн легитимитет да собира потписи против законот за попис. Тоа е, смета таа, лош закон, донесен без консензус и без слух на власта за амандманите на опозицијата, како што е набавката на апарати за фингер принт, а кои што, додава таа, ќе придонесеа за многу подобар закон за попис.

-Кога парламентарците не сакаат да послушаат други колеги парламентарци, тогаш ќе мора да го послушаат народот. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ отпочна со собирање потписи, кои засега се навистина во импозантен број, рече Силјановска Давкова во телевизско гостување.

Државниот завод за статистика вчера соопшти дека пријавувањето на јавниот Конкурс за ангажирање реонски попишувачи и реонски инструктори за претстојниот попис на населението, домаќинствата и становите до овој момент се одвива добро и веќе се пријавени околу 4.000 кандидати заинтересирани за попишувачи и реонски инструктори.

На конкурсот што е објавен на 23 февруари и е отворен до 28 февруари можат да се пријават сите полнолетни државјани на Република Северна Македонија кои се невработени со завршено најмалку средно образование и имаат основни компјутерски вештини. Пријавувањето, се врши преку електронската апликација поставена на веб страницата на ДЗС.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава ќе се спроведе од 1-ви до 21-ви април, годинава.

актуелно подготовки попис
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.