Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека очекува постепено укинување на западните економски санкции кон Русија и нормализација на односите меѓу Москва и Западот. Тој во интервју за кинеската државна телевизија, објавено во пресрет на неговата посета на Кина оценува дека овие санкции „постепено ќе бидат укинувани“, по што ќе дојде и до нормализација на односите меѓу Русија и западните земји.
Осврнувајќи се на воведувањето на американските царини за увоз на челик и алуминиум, Путин оценува дека ваквата мерка ќе им донесе загуби на многу земји, додавајќи дека „порано или подоцна таа ќе им нанесе штети на сите, вклучително и на нивниот иницијатор“.







