Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ПУЧ ВО СУДАН: Паравојската ја превзеде власта, улиците полни со топови, многу загинати цивили
СВЕТ

ПУЧ ВО СУДАН: Паравојската ја превзеде власта, улиците полни со топови, многу загинати цивили

април 17, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Патнички авион кој се подготвуваше да полета од Судан за Саудиска Арабија се најде денеска под стррелба додека траеја борбите во Картум, соопшти авиокомпанијата на Саудиска Арабија.
„’Ербас А330’ се најде под оружена стрелба пред неговото планирано полетување за Ријад“, соопшти Саудиска Арабија.

„Потврдено е дека сите членови на екипажот на авионот пристигнале безбедно во амбасадата на Саудиска Арабија во Судан“, се вели во соопштението.

Во меѓувреме, авионот што леташе над Судан се врати, а сите други летови до и од Судан се запрени за да се зачува безбедноста на патниците и членовите на екипажите.

https://twitter.com/i/status/1647194364634972162

Најголемата суданска паравоена група објави дека ја презела контролата врз претседателската палата, резиденцијата на началникот на армијата и меѓународниот аеродром во Картум, а при обидот за пуч избиле судири со војската.

Најмалку тројца цивили се убиени во судирите меѓу армијата и паравоените сили, соопштија здравствени извори.

Во соопштението на паравојската се наведува и дека ги освоиле аеродромите во северниот град Мерове и во Ел-Обеид на запад. Истрели се слушнале во неколку делови на Картум, а очевидци виделе престрелки и во соседните градови.

BREAKING: Planes on fire at Khartoum airport after coup attempt in Sudan pic.twitter.com/aWdyMv23xs

— BNO News (@BNONews) April 15, 2023

Репортер на Ројтерс видел топови и оклопни возила на улиците и слушнал стрелба од тешко оружје.

Од војската информираат дека паравоените Сили за поддршка се обиделе да ги нападнат на неколку места, што предизвикало страв од судири од пошироки размери.

Силите за поддршка, кои според аналитичарите имаат 100 илјади припадници, пак, велат дека биле нападнати од војската.

Борби се водат и околу седиштето на суданската државна телевизија.
Подолг судир меѓу Силите за брза поддршка и војската може да предизвика поширок конфликт во земјата, која веќе е погодена од економска катастрофа и разгорување на племенското насилство.
Претходно, Силите за брза поддршка, предводени од поранешниот водач на милицијата во Дарфур, генералот Мохамед Хамдан Дагало, попознат како Хемедти, објавија дека армијата опколила една од нивните бази и отворила оган од тешко вооружување.

Хемедти го нарече началникот на војската, генералот Абдел Фатах ал-Бурхан, криминалец и ја обвини војската за организирање државен удар, во интервју во живо за Ал Џезира во саботата.

Дополнително и прилично алармантно, Хемедти веќе долго време е обвинуван за отворена соработка со руската паравоена група Вагнер, која ги рашири своите пипци низ поголемиот дел од Африка.

Руски платеници, наводно, ги обучувале членовите на паравојската која ги надгледува рудниците за злато во земјата, преку која, велат, Вагнер прошверцувал стотици тони злато од Судан.
Силите за брза поддршка, заедно со војската, го соборија од власт долгогодишниот автократ Омар Ал Башир во 2019 година.

Хемедти е заменик-шеф на Суверениот совет на чело со генералот Абдел Фатах Ал-Бурхан од 2019 година.

Непријателствата уследија по неколкудневните тензии меѓу војската и Силите за брза поддршка и може да ги поткопаат долготрајните напори за обновување на цивилното владеење во Судан.
Министерството за надворешни работи на Египет, една од највлијателните арапски држави, изрази загриженост за конфликтот. Каиро ги повика сите страни на воздржаност.

Американскиот државен секретар, Антони Блинкен, во саботата рече дека е длабоко загрижен од извештаите за ескалација на насилството меѓу вооружените сили на Судан и главната паравоена група во земјата и повика на итен прекин на непријателствата.

„Ги повикуваме сите актери веднаш да го запрат насилството и да избегнат понатамошна ескалација или мобилизација на силите, и да ги продолжат разговорите за решавање на отворените прашања“, напиша Блинкен на Твитер.

Американскиот амбасадор во Судан, Џон Годфри, изјави дека ескалацијата кон директен конфликт е „исклучително опасна“ и апелираше до лидерите да ги прекинат судирите.

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Џозеф Борел, во саботата ги повика сите вклучени сили веднаш да го прекинат насилството, и на Твитер напиша дека персоналот на ЕУ во земјата е безбеден и е на сигурно.

Специјалниот претставник на Обединетите нации во Судан, Волкер Пертес, во саботата рече дека остро го осудува новиот судир.

Пертес им се обрати на двете страни и побара од нив итен прекин на непријателствата за, како што напомена, „да се обезбеди сигурноста на суданскиот народ и да се поштеди земјата од понатамошно насилство“.

И Русија во саботата повика на „итни мерки за прекин на огнот“ во Судан.

„Драматичните настани што се случуваат во Судан предизвикуваат сериозна загриженост во Москва. Ги повикуваме страните во судирот да покажат политичка волја и воздржаност и да преземат итни чекори за прекин на огнот“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: АФП)

актуелно Вагнер војска конфликт Обединети Нации пуч русија Судан судир
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.