Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » РАСТЕ ЗАГРИЖЕНОСТА: Бајден и Саудијците го повикуваат Израел на воздржаност
СВЕТ

РАСТЕ ЗАГРИЖЕНОСТА: Бајден и Саудијците го повикуваат Израел на воздржаност

јануари 9, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Цврстите сојузници на Израел, САД и Саудиска Арабија, апелираа вчера на Израел да го ублажи нападот врз Газа, откако најголем број Палестинци беа убиени за еден ден од почетокот на војната.

Американскиот претседател Џо Бајден, соочен со демонстрантите кои извикуваа „Веднаш прекин на огнот“, додека беше во посета на црквата во Чарлстон, Јужна Каролина, рече дека „тивко“ работи со израелската влада за да ја натера израелската војска да ги намали своите напади и „значително да излезе од Газа“.

Израелските сили вчера го бомбардираа источниот дел на јужниот град Кан Јунис и централниот дел на Појасот Газа.

Здравствените власти во Газа, со која управува Хамас, соопштија дека во текот на ноќта загинале 247 лица.

Военото крило на Хамас информираше дека неговите борци истрелале ракети врз израелскиот град Тел Авив како одговор на, како што ги нарече, „ционистичките масакри врз цивили“.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен го посети регионот во обид да спречи војната меѓу Израел и Хамас да се претвори во регионален конфликт.

Тој треба да пристигне во Израел по еднодневната средба со лидерите на земјите од арапскиот залив.

Вчера Блинкен разговараше со официјални лица од Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија за да се обиде да најде излез од најкрвавото поглавје во повеќедеценискиот израелско-палестински конфликт.

Тоа е негова четврта мисија во регионот по смртоносните напади на 7 октомври на Израел од страна на милитантите на Хамас, на кои Израел одговори со започнување копнена офанзива во Газа.

Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, ја истакна важноста од ставање крај на непријателствата во Газа и изнаоѓање пат кон мирот, објави саудиската државна новинска агенција СПА.

СПА наведува дека престолонаследникот, кој пред избувнувањето на војната го предводеше зближувањето на неговата земја и Израел, ја истакнал потребата од враќање на стабилноста и обезбедување на легитимни права на палестинскиот народ.

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Жозеп Борел, му се придружил на Блинкен во Саудиска Арабија, што е знак на меѓународна загриженост, оценува Ројтерс.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: АП)

актуелно Америка Газа Емирати Израел Палестина Саудиска Арабија Хамас
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.