Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » РСФ: Да се заштитат медиумите и нивната јавна мисија за време на корона кризата
Балкан

РСФ: Да се заштитат медиумите и нивната јавна мисија за време на корона кризата

април 9, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Репортери без граници“ (РСФ) ги повикаа
националните и европските институции да ги заштитат медиумите
додека ја исполнуваат својата јавна мисија во ризичните услови на
пандемијата Ковид-19, кога новинарите стануваат колатерални жртви на
напади од различни непријатели на слободата на печатот–вклучително
и некои влади, кои, како што посочуваат, ја користат вонредната
ситуација за да се пресметаат со нивните критичари.

РСФ во своето соопштение го наведува примерот со српската
новинарка Ана Лалиќ, која пишуваше за недостиг на заштитна опрема
за здравствените работници во болницата во Нови Сад и притоа и беа
одземени нејзиниот лап топ и службен телефон.

Лалиќ одби да ги
открие нејзините извори на информирање, па РСФ наведеува дека
нивниот идентитет може да биде откриен со одземање на нејзината
опрема за работа.

Репортери без граници потестуваат дека следното
утро новинарката била ослободена откако премиерката Ана Брнабиќ ја
повлече одлуката на Владата за тоа дека само кризниот штаб може да дава информации за коронавирусот.

Сепак, Лалиќ се уште може да
добие до пет години затвор и парична казна.

Овој случај РСФ: го толкува како пример од еден „поширок тренд на Балканот и на истокот на Европската унија, како, како што се посочува
во извештајот, репресивните закони за борба против Ковид-19 се
користат за да се сузбие слободата на печатот.

РСФ:, исто така, наведува дека унгарската Влада, на неодреден период,
ги зголеми овластувањата на премиерот Виктор Орбан.

Унгарскиот
Закон за вонредна ситуација заради коронавирусот воведува казни до
пет години затвор за ширење лажни вести, додека, во пракса, Владата
одлучува што е точно.

Законодавството уследи по усогласените напади
и закани против независните медиуми, обвинети за дезинформација,
иако тие известуваа за Ковид-19 поодговорно од провладините
медиуми.

РСФ: наведува дека и во Полска Владата донела остри закони, па по
обвинување за прекршување на санитарните правила, незваисниот
новинар Влодзимерц Циека минал два часа во полициска станица затоа
што снимал протест на четири лица пред куќата на претседателот на
владејачката партија.

Протестот беше поради одлуката да не се одложат
претседателските избори на 10 мај, со цел да се обезбеди победа на
актуелниот претседател Анджеј Дуда.

Одбивајќи одложување на
изборите поради коронавирусот, владејачката партија усвои закон со
кој се овозможува гласање по пошта, предизвикувајќи стравување кај
опозицијата и невладините организации дека уставот, демократијата и
независноста на медиумите се компромитирани.

Во Романија, со неодамнешниот претседателски декрет и владини
правила, се дозволува произволно блокирање на медиумски сајтови .
Обвинети за ширење лажни вести, досега се затворени два портали,
одлуки против кои нема правен лек.

Во Бугарија, која, како што пптсетува РФЗ е најлошо рангирана земја во
ЕУ според Индексот за слобода на медиуми и се наоѓа на 111 место во
светот, Владата усвои зкаон со кој се казнува ширењето лажни вести со
затвор до три години и казна од 5.000 евра. Подоцна претседателот
стави вето на законот.

Во Република Српска, во БиХ со новиот декрет се овозможува да се
казнува ширењето лажни вести.

И областа Брчко, освои слични мерки,
наведува во извештајот Репортери без граници.

Во Словенија, Владата на Јанез Јанаша, сојузник на унгарскиот
претседател Виктор Орбан, се вклучи во отворена кампања против
новинарите веднаш по преземањето на власта во средината на март.
РСФ:посочува дека веднаш следувале кибер вознемирувања, па дури и
физички напади врз новинари.

Истражувачлкиот новинар од Редио
Слободна Европа Блаж Згага се соочил со огромен бран онлајн закани,
вклучувајќи и повици да биде убиен, откако испратил барање за
слободен пристап до информации до кризниот штаб, одговорен за
Ковид-19.

Наместо да одговори на барањето Кризниот штаб на Твитер
ги нарече Згага, интелектуалецот Славој Жижек и уште две лица,
критички настроени „психијатриски пациенти кои избегале од
карантин“. Провладините медиуми објавија написи во сличен контекст.

Репортери без граници потестува дека Јанша вербално го нападнал
јавниот сервис РТВ Словенија, чии новинари го критикувале можното
зголемување на платите на министрите.

 

Тој ги обвини за „ширење лаги“
и дека се „преплатени“ и им се закани дека ќе го намали
финансирањето на таа медиумска куќа.

РСФ:го наведе и примерот на албанскиот премиер Еди Рама, кој преку
операторот Водафон испрати порака до граѓаните. „Мијте ги рацете, не
излегувајте од домовите заради задоволство, отворете ги прозорците
колку сакате и заштитете се од медиумите“.

Во меѓувреме, во Северна Македонија, истражувачката новинарска
платформа ИРЛ се соочи со закани откако објави извештај насловен
„Пандемско профитерство или грижа за заедницата: Другата страна на
приказната за Ковид-19 тестовите“. Аџибадем Систина, болница која е
во врска со олигархот Орце Камчев ги вреѓаше новинарите и побара
повлекување на текстот, наведуваат Репортери без граници.

Ова е само уште една мрачна илустрација на фактот дека додека
новинарите придонесуваат за борба против Ковид-19, тие самите
стануваат колатерални жртви, соочувајќи се со напади од различни
непријатели на слободата на печатот–вклучително, за жал, и некои
влади–кои ја искористуваат ситуацијата за гонење на нивните нивните
критичари, заклучува организацијата Репортери без граници.

актуелно корона криза медиуми РСФ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.