Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Сè повеќе градови во Холандија ги забрануваат балоните како закана по животната околина
СВЕТ

Сè повеќе градови во Холандија ги забрануваат балоните како закана по животната околина

март 13, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сè повеќе холандски градови забрануваат летање балони, па така во 17 отсто од општините во моментов има забрана, покажува денеска објавената студија на еколошката организација Де Нордзе (Северно Море).

Една година претходно, забрана имаше во само пет отсто од општините.

Освен тоа, 20 проценти од холандските општини силно советуваат против користење балони за време на прославите.

Неколку партии во холандскиот парламент сакаат да се наложат понатамошни забрани и изразија загриженост поради можната штета од остатоците од балони и пластичен отпад во Северното Море.

Според екологистите, балоните се опасни за морските цицачи, птици и риби, кои можат да се задушат од остатоците пластика. Освен тоа, отпадот од балони придонесува за загадување на морето и крајбрежјето.

Според студијата, особено морските птици се жртви на отпадот од балони.

Истражувачите откриле дека во 20 проценти од случаите, причина за смрт на морските птици е пластика или отпад од балони. Неодамна Лорен Роман од Универзитетот во Тасманија во Австралија изјави дека балоните или делови од балонот се најсмртоносното ѓубре во морињата. Веројатноста за умирање од такви парчиња гума е околу 32 пати повисока отколку кај тврдите пластични делови, истакнуваат истражувачите за списанието „Сајантифик Рипортс“.

Еколошката организација Де Нордзе е посветена на борбата за генерална забрана за балони во природата. Според фондацијата, повеќето од забраните во Холандија се во крајбрежните области и на островите во Ваденското Море.

балони забрани закана по живот холандија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција

октомври 16, 2026

Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен

октомври 15, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.