Администрацијата на Трамп го зголеми својот удел во растечката трговска пресметка со Кина, САД и се закануваат на Кина со царина за околу 1300 производи. Властите претставија листа на производи, кои вклучуваат околу 50 милијарди долари од увозот проценет за 2018 година.
Листата содржи производи од хемикалии до телевизори, моторни возила и електронски компоненти. Со објавувањето на листата со кинески производи почнува рок за јавна расправа и консултации кои ќе траат два месеца, по што Канцеларијата треба да донесе конечна одлука за царините.
Според светските медиуми планови за воведување на нови тарифи за увоз од САД објавила и Кина.
Министерството за трговија на Кина посочило 106 производи, врз кои ќе бидат додадени дополнителни давачки, пришто соопшти дека точниот датум за нивното стапување во сила ќе биде објавен дополнително







