Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Сакаме да направиме тампон зона во областа Курск, вели Зеленски
СВЕТ

Сакаме да направиме тампон зона во областа Курск, вели Зеленски

август 19, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Украинскиот пробив на руска територија има за цел да направи тампон зона за да ги оневозможи нападите врз Украина од руска страна, рече украинскиот претседател Володомир Зеленски откако неговата војска уништи уште еден важен мост во регионот Курск.

Тој вели дека стратешките цели покрај создавањето на тампон зона се и да се уништи што е можно поголем арсенал на руско оружје и да се направат одредени контраофанзивни акции кои би ги спречиле руските сили да го гранатираат северо-источниот дел на Украина.

„Се што нанесува загуби на руската армија, на руската држава, нивниот воено-индустриски комплекс и нивната економија помага да се спречи ширењето на војната и не доближува до праведен крај на оваа агресија“ рече Зеленски.

Според него, Украина ќе продолжи да дејствува во овој регион со дополнителен број на трупи. Дополнително, Зеленски вели дека Киев контролира околу 1 000 квадратни километри од руската територија, а и Русија и Украина ги повикаа жителите кои живеат во овој регион да се евакуираат оти следуваат тешки борби.

Командантот на украинските воздухопловни сили, генерал-полковник Микола Олешчук соопшти дека во областа Курск уништиле мост кој бил од огромно значење за руската војска, со што бројот на уништени мостови се зголеми на два откако пред два дена беше уништен мост кај градот Сејм. Тогаш, Москва обвини дека Украина користела ракети од типот „Химарс“ од американско производство.

Инаку, повеќе од 120 000 луѓе досега се евакуирани од областа Курск, откако Киев ја почна ненадејната операција во овој руски регион во близина на границата, заземајќи делови од неговата територија.

Сепак, како што изјави Михаил Подољак, високиот помошник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Украина не сака да ги окупира руските територии, туку целта на офанзивата е да ја натера Москва да седне на преговарачка маса, на која би се разговарало под фер услови.

„Украина не е заинтересирана за окупација на руски територии. Во регионот Курск, можеме јасно да видиме како објективно се користи воената алатка за да се убеди Русија да влезе во фер преговарачки процес“,напиша Подољак на „Икс“.

Украина уништи стратешки важен мост во регионот Курск, тврдат локалните руски власти

Како што продолжува напредувањето на Украина, официјални лица во рускиот регион Белгород, кој се граничи со Украина, велат дека од денеска ќе почнат со евакуација на уште пет села од овој регион.

„Од 19 август, го затвораме пристапот до пет населени места, ги евакуираме жителите и им помагаме да го изнесат својот имот“ напиша гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков на Телеграм, наведувајќи ги малите села во близина на границата.

Но, како што украинската војска се движи понатаму кон западната руска територија, руските сили подеднакво остваруваат придобивки заземајќи градови и населени места на истокот на Украина.

актуелно зеленски зона курск тампон
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.