Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Сасоли: „Не се откажувајте од европската иднина!“
Македонија

Сасоли: „Не се откажувајте од европската иднина!“

ноември 4, 2019Updated:ноември 4, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, кој престојува во официјална посета на земјава, преку Твитер упати порака, особено да младите, да не се откажуваат од европската иднина.

„Денеска патувам во Северна Макеоднија и имам едно барање, особено до младите луѓе во земјата: не се откажувајте од европсата иднина. Вие му припаѓате на нашето семејство. Европскиот парламент е со вас, напиша Сасоли на Твитер.

Првиот човек на Европскиот парламент пораката ја проследува и преку видео обраќање до граѓаните на Северна Макединија и на Албанија.

„Ќе ја посетам прекрасната земја Северна Македонија, а ќе ја посетам и Албанија за неколку недели и овие посети се навистина значајни за мене лично. Ова ќе бидат први официјални патувања надвор од ЕУ, во земји со кои сме пријатели, кои сакаме да станат дел од нашата Унија. Знаеме дека луѓето во Северна Македонија и во Албанија беа длабоко разочарани кога слушнаа дека некои земји го блокираа почетокот на преговорите. Го разбирам тоа и го делам вашето разочарување. Ги исполнивте сите критериуми, направивте одлична работа и заслуживте зелено светло за почеток на преговорите. За ова прашање Европскиот парламент и Европската комисија го изразија нивното мислење многу јасно заедно со огромното мнозинство земји на ЕУ.

Но, ова не е крај на дискусијата. Европскиот парламент, домот на европската демократија е со вас. Нема да молчиме. Ќе притискаме цврсто за позитивно гласање на наредниот Европски совет. Јас имам едно барање, особено до младите во Северна Македонија: Ве молам не губете надеж. Ве молам не се откажувајте од европската иднина. Вие припаѓате на нашето семејство и вие на крајот ќе бидете член на ова семејство. А ова семејство ќе ве пречека со верба и надеж, порачува Сасоли во видео пораката.

Давид Сасоли во рамки на денешната посета на Скопје ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со собранискиот спикер Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев, а ќе има средби и со лидерите на парламентарните политички партии, и ќе се обрати во Парламентот.

Сасоли ќе ја отвори Јуроп Хаус (Europe House) во просториите на Делегацијата на Европската Унија и ќе се придружи на дебатата со амбасадорот Самуел Жбогар и ученици од средни училишта на тема „Визијата на младите за ЕУ“.

актуелно европска иднина сасоли
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините

јуни 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.