Поради опасност од бегство на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, вечерва му е одреден притвор во траење од 30 дена.
Oд СЈО не откриваат детали за сомнежите кои ги имале поврзани со наводниот план за бегство на Мијалков.
Притворот на Мијалков му е одреден како обвинет во случајот “Таргет и Тврдина”, односно за нелегалното масовно прислушување, а за утре во Кривичниот суд е закажано рочиште, на кое треба да продолжи сведочењето на Ѓорѓи Лазаревски, кој заедно со Звонко Костовски, обезбедија докази и ја открија аферата за масовното прислушување.
Мијалков денеска беше во Кривичниот суд, каде што присуствуваше на рочиштето за случајот “Тортура”.
Поранешниот прв човек на ДБК подолг период е без пасош кој му беше одземен како мерка на претпазливост.







