Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Светска банка: Македонија ќе стане земја со висок приход
Економија

Светска банка: Македонија ќе стане земја со висок приход

септември 6, 2017Updated:септември 7, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Светска банка ќе биде силен партнер во развојот на Македонија во наредниот период. Во моментов поддржува активности во износ од 350 милиони американски долари, а денеска на средба во Владата се разгледуваа можностите за Македонија да стане држава со високи приходи.

Ова го истакна регионалната директорка на Светска банка Линда ван Гелдер, која денеска во Владата на РМ имаше средба со премиерот Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски и економските министри.

На средбата, како што посочи, се разгледани приоритетите за поддршка во различни области, како што се подобрување на општинската инфраструктура, надградба и рехабилитација на постојната патна инфраструктура, енергетска ефикасност, социјална заштита и транспарентност.

„Со владините претставници имавме конструктивна дискусија за Македонија да стане држава со високи приходи. Се заложуваме за формирање делотворно партнерство во делот на ефективно спроведување во насока на постигнување економски напредок и споделен просперитет на граѓаните.

„Разговаравме за низа меѓусебно поврзани области во кој реформите би можеле да и помогнат на Македонија да го постигне овој статус на земја со високи приходи. Макроекономска стабилност и одржливост на тој систем, интеграција во глобалната економија, деловно окружување поволно за инвестиции и раст на приватниот сектор, пристап на можности до сите граѓани, како и ефикасни и транспарентни институции, потенцира Ван Гелдер.

Состанокот го оцени како корисен на кој, покрај тоа што се разгледани приоритетите, почнато е да се оформува и каква ќе биде поддршката на Светска банка.

„Освен нашата претстојна соработка со нетрпение ги очекуваме ефектите од тековните проекти што се спроведуваат. Во моментот поддржуваме седум активности од 350 милиони долари. Заедно со Владата и другите донаторски партнери овие активности се во насока на подобрување на општинската инфраструктура, надградување и рехабилитација на патна инфраструктура, развивање подобри туристички услуги, подобрување на вештините и иновативноста и социјална заштита со посебен осврт на маргинализираните заедници, рече таа.

Како продуктивен состанокот го оцени и министерот за финанси Драган Тевдовски.

Смета дека е добро што има огромно преклопување на гледањето на тоа како треба да се развива Македонија во иднина.

Како што рече, на средбата посебно внимание е посветено на управувањето со јавните финансии и на ефикасноста на јавната потрошувачка.

„МФ веќе започна да релизира многу од мерките кои што се истакнати во стратешки документи на СБ. Клучното е во областа на транспарентноста на јавните финансии. Во таа насока значајно е подобрено транспарентноста во известувањето за јавните финансии. Сега на сајтот на МФ може да се најдат податоци месечни и квартални за извршување на буџетот по буџетски корисници или општини.

„Подобрен е полугодишниот извештај за извршувањето на Буџетот. Постојат информации за доспеани, а неплатени обврски. Ние во овој домен работиме со СБ и на документ за чистење на овие обврски.

„Објавивме и граѓански буџет со намера подобро да биде информирана јавноста и да придонесеме за многу позначајно вклучување на граѓаните во креирање на буџетскиот процес, рече министерот.

Потенцира дека до крајот на годината планираат да излезат со промени на Законот за буџет со цел да го подобрат буџетскиот процес и да воведат една кредибилна рамка на среднорочно буџетско креирање.

Влада на РМ македонија Светска банка Тевдовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата падна

октомври 15, 2026

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.