„ВМРО-ДПМНЕ не може да побегне од одговорноста за катастрофата што ја остави зад себе по 11 годишното криминално владеење“, се наведува во соопштението на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Социјалдемократите истакнуваат дека криминалното и расипничко владеење на Никола Груевски и партијата на чие чело е зад себе оставија нефункционален систем за справување со кризни ситуации, застарена и запуштена механизација и стара и дотраена опрема во службите задолжени за заштита.
„Дури и авионите за гаснење пожар не беа функционални се до доаѓањето на новата власт“, стои во соопштението.
Сепак, дури и во такви тешки услови, сите ангажирани лица на терен, пожарникарите, припадниците на армијата и доброволците, задно со надлежните министерства и институции, давале се од себе за што е можно побрзо локализирање и целосно гаснење на активните пожари, од коишто за дел од нив постои сомневање дека се подметнати намерно.
„ВМРО-ДПМНЕ треба да ги остави надлежните институции да ја работат својата работа и да престане да шири паника помеѓу граѓаните“, посочуваат од СДСМ.







