Бројот на загинати од разорниот земјотрес во Турција достигна речиси 41.000, соопшти Агенцијата за катастрофи и итни случаи денеска, кога завршуваат операциите за потрага по преживеани и ќе продолжат само во две провинции.
„Потрагата и спасувањето во девет покраини погодени од земјотресот завршува“, изјави Јунус Сезер, директор на Агенцијата.
„Продолжуваат во покраините Кахраманмарас и Хатај, во четириесеттина згради“, им рече Сезер на новинарите.
Повеќе од 1,2 милиони луѓе се евакуирани од југоисточна Турција, погодена од најсмртоносната катастрофа во поновата историја на земјата.
Во земјотресот со јачина од 7,8 степени загинаа 40.689 лица, покажуваат најновите информации.
Турскиот потпретседател, Фуат Октај, објави дека 105.000 згради се урнале или се сериозно оштетени и ќе бидат урнати.
(Фото: АФП / Самир Ал-доуму)







