Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Се тестира најголемиот автономен електричен товарен авион досега
Технологија

Се тестира најголемиот автономен електричен товарен авион досега

февруари 2, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Се работи за нова компанија со нагласка на технологија за самоуправувачки превоз и пренос, која во 2020 година произведе и авион за прскање пестициди наречен „Пеликан спрејер“.

Технологијата на целосно самоуправувачки возила и превозни средства напредува, па и беспилотните летала веќе се користат за различни цели. А, сега е претставен и најголемиот автономен електричен товарен авион досега.

Станува збор за авионот „Пеликан карго“ (Pelican Cargo), произведен од компанијата „Пајка“ (Pyka), со средиште во Калифорнија (САД). Се работи за нова компанија со нагласка на технологијата за самоуправувачки превоз и пренос, која во 2020 година произведе и авион за прскање пестициди наречен „Пеликан спрејер“ (Pelican Sprayer).

– Го дизајниравме овој авион и со цел отстранување на испуштањата ЦО2 од логистичкиот синџир, притоа нудејќи значително поголема брзина во споредба со копнениот превоз, додека оперативните трошоци се дел од конвенционалниот воздушен превоз, изјави Мајкл Норсија, извршен директор и со-основач на „Пајка“.

„Пеликан карго“ може да лета 321 километар со товар до 180 килограми. Користи литиум-јонска батерија од 50 киловат-часови, Може да достигне брзина меѓу 148 и 167 км/ч., а има четири електромотори од 33,5 коњски сили, а има и резеервна енергија.

Авионот е долг 7,3 метри и висок 2,1 метар, а распонот на крилата му е 11,5 метри. „Пеликан карго“ е опремен со шест процесори сместени во два посебни компјутери, што може да обработат милиони податоци собрани со радарот „Лидар“, ласери свртени надолу и носачи на податоци. Леталото е оспособено за додатна инерција, и динамично пренасочување преку сателитска врска. Има и резервен падобрански систем и користи најсовремена 3-Д воздушно мапирање и препознавање пречки на пистата.

Новиот модел на авион е во фаза на тест во фабрика во Калифорнија. Првиот комерцијален лет се очекува во втората половина на оваа година.

 

 

ИЗВОР: МИА

авион електричен тестирање товарен
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

По Фолксваген и Мерцедес размислува да произведува оружје

мај 18, 2026

Доаѓа новиот „Ауди Q9“: Откриен дизајнот на ентериерот

мај 14, 2026

„Епл“ се согласи на спогодба од 250 милиони долари за доцнење на ВИ-надградби

мај 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.