Во Русија секоја година исчезнуваат меѓу 70.000 и 100.000 лица, а четвртина од нив никогаш не се пронајдуваат, изјави генералната директорка на руската Агенција за стратешки иницијативи, Светлана Чупшева.
Чупшева, отварајќи го форумот посветен на волонтерски спасувачки екипи, наведе дека половина од таа бројка ја сочинуваат деца.
„Сакаме сите да ја разберат важноста на волонтерите во екипите за потрага и спасување“, изјави Чупшева.
Гувернерот на московскиот регион Андреј Воробјов укажа на неопходност од соработката со мобилните компании во превземањето на ефикасни чекори во пронаоѓањето на исчезнатите лица.







