Акутната фаза на пандемијата на Ковид може да заврши следната година, но корона вирусот нема да исчезне, предупреди денеска еден од директорите во Светската здравствена организација Мајк Рајан.
Рајан, водечки експерт на СЗО, исто така рече дека е премногу рано да се извлечат заклучоци за сериозноста на „омикрон“.
Тој додаде дека тоа не може да го знае додека омикронот не се прошири кај постарата популација.
(Фото: ЕПА)







