Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Симовски: На крајот со обработката нема да има изоставено ниту едно лице со пописот
Македонија

Симовски: На крајот со обработката нема да има изоставено ниту едно лице со пописот

октомври 19, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски денеска изјави дека нема значаен неопфат со пописот и оти на крајот со обработката нема да има изоставено ниту едно лице.

Истакна оти е значајно дека методот штo го користат дава можност и овој евентуален неопфат да биде покриен, бидејќи, како што рече, ги користат и базите на податоци каде ги има сите наши граѓани.

– Она по што се раководиме кога спроведуваме одредено статистичко истражување е да имаме концепт како ќе го следиме опфатот на сите единици на тоа истражување, а исто и на пописот. Клучната работа по која се раководевме беа објектите за домување каде се сместени граѓаните, каде што живеат граѓаните и сите овие објекти се поминати целосно не е испуштен ниту еден. Да, се случуваше да не можеме да најдеме некого дома, сепак беше летен период на спроведување на пописот, меѓутоа се обидувавме повеќе пати да ги побараме, остававме телефонски броеви, за да исконтактираат со попишувачите, немаме воопшто значаен неопфат со пописот, изјави Симовски по настанот посветен на проектот „Зголемување на употребата и достапноста на официјалните статистички податоци во Република Северна Македонија”.

Нагласи дека секогаш е можно да го има и во најсовршените системи, но тоа што во моментов го очекуваат бидејќи се уште не е завршена обработката, е дека овој неопфат ако воопшто го има, е минимален.

Конечните резултати од пописот, потсети тој, ќе ги очекуваме за период од шест месеци од завршувањето на пописот. Најдоцна во март, рече Симовски, очекуваме да ги објавиме, но ако успеат да постигнат и порано, нема да чекаат.

– Работите на обработката започнаа веднаш по завршувањето на пописот и ќе траат до оној период кога ќе бидеме подготвени да ги објавиме и во јавноста. Тоа е процес кој е неминовен после секоја статистичка операција и е дел од целокупниот процес на оваа операција, рече Симовски.

Во однос на оние кои го бојкотираа пописот и за кои беа најавени казни рече дека тие случаи ги процесуирале, а други институции треба да преземат мерки.

Одговарајќи на прашање на МИА, за искуствата на Шведска која спроведува попис целосно базиран на регистри, Симовски рече дека ние во моментов не ги исполнуваме трите клучни услови за да се овозможи таква операција.

– Нашата цел секогаш била да го употребиме овој метод кој во моментов е најсовршен, но за тоа е потребно да се исполнат три предуслови клучни – прво добар адресиран регистар што го немаме, второ да имаме идентитет помеѓу официјалната адреса во нашите документи и она каде навистина живееме и трето да знаеме конкретни и точни инфромации за сите граѓани кои не живеат во земјата, а се наоѓаат надвор од државата. За жал сите три елемтни не се исполнети во овој момент и не можевме да примениме таков метод. Инаку, сите би сакале тоа да го направиме – прво е наједноставен, најевтин, веднаш ги имате резултатите, рече Симовски.

актуелно изоставени попис Симовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.