Најстариот син на претседателот на САД, Доналд Трамп, едвај чекал да се сретне со жената за која му било речено дека е адвокат на руската влада која би можела да има „чуствителни информации“ штетни по демократската претседателска кандидатка Хилари Клинтон, покажуваат низата мејлови кои синот на претседателот ги објави вчера доцна попладнето на Твитер, пренесува Ројтерс.
Мејловите, се наведува во текстот, Донал Трамп Помладиот ги разменил во јуни минатата година со Роб Голдстоун, посредник којшто помогнал во закажување на состанок со руската адвокатка.
Ова би можело да им пружи докази на истражителите кои испитуваат дали постоела врска помеѓу Кремљ и предизборната екипа на Трамп.
„Крунски обвинител понуди да му достави на тимот на Трамп некои официјални документи и информации кои би можеле да бидат погубни за Хилари и нејзините односи со Русија, а многу корисни за вашиот татко“, напишано е во мејлот кој на 3 јуни лани публицистот Роб Голдстоун му го проследил на синот на Трамп.
Во пораката се напоменува дека „очигледно станува збор за чуствителни информации на многу високо ниво, но дека тоа е дел од поддршката на Русија и нејзината влада на Трамп“.
„Ако е така како што кажувате, тоа ми се допаѓа“, одговорил Доналд Трамп Помладиот во својот мејл.
Меѓутоа, во оваа размена на мејлови се поткраднала барем една грешка, пишува Ројтерс, укажувајќи дека Русија, која престана да биде монархија со Руската револуција, нема функција на „крунски обвинител“, туку функција – јавен обвинител.
Правни експерти се со поделени мислења во врска со прашањето дали учеството на синот на Трамп на состанокот со руската адвокатка може да доведе до кривична одговорност.
Трамп Помладиот призна пред неколку денови дека остварил средба со руската адвокатка Наталија Весељницка, на 9 јуни 2016 година, откако му било речено дека таа поседува информации „убиствени“ за Хилари Клинтон, но истакнува дека таа не му пружила „никакви смислени информации“ туку дека само сакала да разговара со него за санкциите против руски поединци.
Весељницкаја, пак, тврди дека никогаш не поседувала какви било информации кои би биле штетни за Хилари Клинтон.










